Драги браќа и сестри, драги пријатели,
Одложениот попис на население и домаќинства, ќе се одржи во периодот помеѓу 5-30 септември 2021 година.
На прашањето за религиска припадност (вероисповед), во формуларот има дадено неколку опции за избирање и доколку се сметаш за дел од Евангелско-методистичката црква, тогаш одбери ја понудената опција: ЕВАНГЕЛИСТ-МЕТОДИСТ.
На тој начин јасно ја изразуваме нашата припадност кон конкретна деноминација бидејќи пописот организиран од државата е статистичка операција. Поконкретно, прашањето за вероисповед не е теолошко прашање туку е поврзано со верските заедници кои се регистрирани во Македонија и во која од тие заедници граѓанинот ја практикува својата вероисповед.
Со почит и Божји благослов.