Национален ден на молитва 2023 г.

Молитвениот настан ќе започне во 10 часот и со мали паузи ќе трае до 17.

Искрено, се надеваме дека ќе дојдеме заедно преку нашите молитви да ги промениме невидливите сили над небото на Македонија, а со тоа да се променат и видливите сили кои се во сојуз со невидливиот авторитет. Како што има напишано еден богослов:
„Историјата им припаѓа на застапниците во молитва“.

Со почит и благослов во името на нашиот Спасител Исус Христос!

Од името на иницијативниот тим за Национален ден на молитва,
пастор Лазо Танчев и пастор Венцо Наков