Драги браќа и сестри, почнувајќи од 24-ти мај, неделните утрински богослужби во сите наши заедници ќе продолжат да се одржуваат во црковните објекти.
При тоа, ве замолуваме да се придржувате кон мерките на претпазливост кои се препорачани од владата:
- да се одржува физичко растојание од најмалку 2 метри
- задолжително да се носи маска
- да се употребуваат средства за дезинфекција
За сите останати активности и подетални информации обратете се кај својот локален пастор.
Бог да биде со сите вас.
Поврзани во Христа
вашиот суперинтендент, Марјан Димов