НОВОСТИ

Детски собири во ЕМЦ 2021

Драги читатели,
Со вас сакаме да ги споделиме трите детски собири што се оддржаа во месец октомври и тоа во ЕМЦ Скопје на 09.10, ЕМЦ Моноспотово на 23.10 и ЕМЦ Кочани на 30.10.
Имавме благословено и прекрасно време со многу дечиња. Нашата порака на овие детски собири беше ,,Бог гледа и обезбедува” со заедничко размислување на стиховите од 1 Цареви 17:7-16.

Пораката беше поделена во два дела. Во првиот дел подобро се запознавме со ликовите и приказната за Илија и жената вдовица во градот Сарепта. Размислувавме заедно како Бог ги гледаше и ги обезбеди потребите на Илија, како и на жената вдовица задно со нејзиниот син.
Бог и денес нас нѐ гледа и ги обезбедува сите наши потреби. Оваа Библиска порака ни кажува дека потребно е да ги следиме Божјите инструкции, насоки и упатства за да ги живееме Божјите ветувања. Нашата послушност е важна за Бог. Бог сака кога го слушаме и го исполнуваме Неговиот збор и го живееме Неговиот план за нас.

Како и крајот на овие стихови така и во нашите животи, Божјите благослови нема да престанат доколку сме Му верни, го слушаме и го следиме Неговиот глас “Брашното во ноќвите не се свршуваше, и маслото во масларникот не се намалуваше, според словото на Господ што Тој го изрече преку Илија.“ 1 Цареви 17:16.

Вториот дел од Библиската порака беше пораката за Исус Христос како наш застапник кој ги обезбедува нашите потреби. Тој нè сака и сака да ја обезбеди нашата најголема потреба, а тоа е вечен живот.
Исто како што Бог го испрати Илија да ги обезбеди потребите на вдовицата за да не умрат таа и нејзиниот син, Бог го испрати Исус да ги обезбеди нашите потреби за да не умреме засекогаш, но наместо тоа, да имаме вечен живот.

Заедно се молевме и му ги предадовме на Бог сите наши благодарности, нашите потреби, потребите на нашите семејства како и нашата желба повеќе да го спознаеме Господ Исус Христос и да му веруваме на Него.

Времето заедно го исполнивме со многу песни, забавни игри, рачни работи и другарување.
Со овие собири Mу даваме слава на Бог и го зајакнуваме Христовото заедништво, затоа со радост ги очекуваме следните собири за деца. 🙂

Му благодариме на Бог за секое детенце и за можноста да се посее Божјото Слово во нивните срца. Благодариме и на сите помошници и соработници кои допринесоа на било каков начин да ги имаме овие детски собири.

“Мојот Бог, по Своето богатство, не­ка ја исполни секоја ваша потреба, за слава преку Христос Исус.” Филипјаните 4:19

Симона Танчева

 

 

Skin Color
Layout Options
Layout patterns
Boxed layout images
header topbar
header color
header position