На 25. 03. 2018 младите од Евангелска црква и младите од Евангелско-методистичка црква повторно го имаа својот заеднички час во ЕМЦ Колешино. Темата на часот водена од Самуел Цеков беше „Која е цената на следењето на Исус“. Поделени во три групи се дискутираше на повеќе сегменти од евангелијата и на крај сите групи ги споделија своите заклучоци базирани на предходно определените прашања.
Оваа ‘традиција’ на заеднички часови трае веќе неколку години, т.е. се одржуваат еднаш месечно со исклучок на летниот период.
Наредниот час од ваков карактер е закажан на 22.04.2018 во ЕМЦ Моноспитово.
[siteorigin_widget class=”SiteOrigin_Widget_Image_Widget”][/siteorigin_widget]
[siteorigin_widget class=”SiteOrigin_Widget_Image_Widget”][/siteorigin_widget]