Околу 40-тина млади од нашите заедници во Р. Македонија и Р. Србија избраа за дочекот на Новата година 2017-та да поминат благословено време во заедницата во ЕМЦ Падина. Оние кои веќе биле, знаат какво спокојно и пријатно место е тоа.
Темата беше: „Те молам, почекај!“. На истата, имавме две предавања од проповедниците Новица Бранков кој зборуваше на подтемата „Те молам, почекај!“ и Владимир Фазекаш кој зборуваше на подтемата „Бог може и Бог сака!“, а помеѓу нив имавме славење со нивниот бенд и многу интересни и забавни игри.