Категорија: НОВОСТИ ВО ЛОКАЦИИ

Хумани и во овие најтешки моменти

Поради ситуација со Корона вирусот, Дијаконија Македонија, Мис Стон Центар – Струмица по препораките од владата воведе дополнителни заштитни мерки. Повеќе

Одмор за проповедници 2018

 

Во Лука 9:10 се вели дека Исус ги зеде своите ученици и отидоа да бидат насамо на едно пусто место до градот Витсаида. После напорната работа на учениците добро им беше да се оделат насамо со Исус Христос. Повеќе

Spielmobil (Шпилмобил) 2018

Кога ќе се спомне зборот SPIELMOBIL (Шпилмобил) веќе на многумина им е јасно дека станува збор за дел од проектите на шаторската мисија на Евангелско методистичката црква, односно евангелското дело, кое под мотото “На сите им е потребен Христотс!” посетува повеќе европски земји и преку тоа на децата и младите низ Европа им овозможува да се радуваат користејќи ги реквезитите кои тие ги нудат, а се со цел да слушнат за Исус!

ЕМЦ Македонија, преку (КРД) Комисијата за работа со деца, веќе трета година по ред зема дел во овој проект: првата година бевме во ЕМЦ Колешино, втората во ЕМЦ Моноспитово и Скопје, а оваа година бевме во три други заедници и тоа ЕМЦ Кочани, Радовиш и Муртино од 16. 6. до 27. 6. 2018. Во секое место по три дена.

Како и првите две години и оваа година не посетија со трамболината и големата ЗЕМЈЕНА ТОПКА, а наместо шаторот, малиот гумен замок и фудбалчето, со нив го донесоа големото живо фудбалче, по кое се водевме при избирањето на темата. Односно животот беше спореден со натпревар всушност преку тоа сакавме да ја доближиме Библијата до децата и токму и така звучеше насловот: Дојдете да ви кажеме за Библијата!

Велигден 2018 год. во ЕМЦ Скопје

И оваа година во ЕМЦ Скопје, имавме прекрасно време сеќавајќи се и прославувајќи го Христовото воскресение. Имавме исполнет викенд со прекрасни активности и заедништво за слава на Бог.
 

Повеќе