Категорија: ДЕЦА И МЛАДИ

Детски собири во ЕМЦ 2021

Драги читатели,
Со вас сакаме да ги споделиме трите детски собири што се оддржаа во месец октомври и тоа во ЕМЦ Скопје на 09.10, ЕМЦ Моноспотово на 23.10 и ЕМЦ Кочани на 30.10.
Имавме благословено и прекрасно време со многу дечиња. Нашата порака на овие детски собири беше ,,Бог гледа и обезбедува” со заедничко размислување на стиховите од 1 Цареви 17:7-16.

Пораката беше поделена во два дела. Во првиот дел подобро се запознавме со ликовите и приказната за Илија и жената вдовица во градот Сарепта. Размислувавме заедно како Бог ги гледаше и ги обезбеди потребите на Илија, како и на жената вдовица задно со нејзиниот син.
Бог и денес нас нѐ гледа и ги обезбедува сите наши потреби. Оваа Библиска порака ни кажува дека потребно е да ги следиме Божјите инструкции, насоки и упатства за да ги живееме Божјите ветувања. Нашата послушност е важна за Бог. Бог сака кога го слушаме и го исполнуваме Неговиот збор и го живееме Неговиот план за нас.

Како и крајот на овие стихови така и во нашите животи, Божјите благослови нема да престанат доколку сме Му верни, го слушаме и го следиме Неговиот глас “Брашното во ноќвите не се свршуваше, и маслото во масларникот не се намалуваше, според словото на Господ што Тој го изрече преку Илија.“ 1 Цареви 17:16.

Вториот дел од Библиската порака беше пораката за Исус Христос како наш застапник кој ги обезбедува нашите потреби. Тој нè сака и сака да ја обезбеди нашата најголема потреба, а тоа е вечен живот.
Исто како што Бог го испрати Илија да ги обезбеди потребите на вдовицата за да не умрат таа и нејзиниот син, Бог го испрати Исус да ги обезбеди нашите потреби за да не умреме засекогаш, но наместо тоа, да имаме вечен живот.

Заедно се молевме и му ги предадовме на Бог сите наши благодарности, нашите потреби, потребите на нашите семејства како и нашата желба повеќе да го спознаеме Господ Исус Христос и да му веруваме на Него.

Времето заедно го исполнивме со многу песни, забавни игри, рачни работи и другарување.
Со овие собири Mу даваме слава на Бог и го зајакнуваме Христовото заедништво, затоа со радост ги очекуваме следните собири за деца. 🙂

Му благодариме на Бог за секое детенце и за можноста да се посее Божјото Слово во нивните срца. Благодариме и на сите помошници и соработници кои допринесоа на било каков начин да ги имаме овие детски собири.

“Мојот Бог, по Своето богатство, не­ка ја исполни секоја ваша потреба, за слава преку Христос Исус.” Филипјаните 4:19

Симона Танчева

 

 

Новогодишна вечер за тинејџери и млади

Комисијата за работа со деца и млади ве поканува да се придружите на новогодишно дружење кое ќе се случува онлајн. Повеќе

Spielmobil (Шпилмобил) 2018

Кога ќе се спомне зборот SPIELMOBIL (Шпилмобил) веќе на многумина им е јасно дека станува збор за дел од проектите на шаторската мисија на Евангелско методистичката црква, односно евангелското дело, кое под мотото “На сите им е потребен Христотс!” посетува повеќе европски земји и преку тоа на децата и младите низ Европа им овозможува да се радуваат користејќи ги реквезитите кои тие ги нудат, а се со цел да слушнат за Исус!

ЕМЦ Македонија, преку (КРД) Комисијата за работа со деца, веќе трета година по ред зема дел во овој проект: првата година бевме во ЕМЦ Колешино, втората во ЕМЦ Моноспитово и Скопје, а оваа година бевме во три други заедници и тоа ЕМЦ Кочани, Радовиш и Муртино од 16. 6. до 27. 6. 2018. Во секое место по три дена.

Како и првите две години и оваа година не посетија со трамболината и големата ЗЕМЈЕНА ТОПКА, а наместо шаторот, малиот гумен замок и фудбалчето, со нив го донесоа големото живо фудбалче, по кое се водевме при избирањето на темата. Односно животот беше спореден со натпревар всушност преку тоа сакавме да ја доближиме Библијата до децата и токму и така звучеше насловот: Дојдете да ви кажеме за Библијата!

Staunen 2018

Европски Методистички фестивал – STAUNEN 2018

Европскиот Методистички фестивал Staunen, што во превод значи „да бидеш воодушевен“ (од Бог), се оддржа од 9-13 мај во градот Cuxhaven, Dünenhof – северна Германија. Темата гласеше: „Си ги поставил нозете мои на широко место“. На настанот имаше околу 850 луѓе присутни од Европа па и пошироко. Од Македонија бевме присутни 17 млади и возрасни млади. Програмата за сите денови беше пополнета со разни активности што овозможуваше да се запознаеме со браќа и сестри од разни места.

Повеќе

Заеднички младински час – ЕМЦ Колешино

На 25. 03. 2018  младите од Евангелска црква и младите од Евангелско-методистичка црква повторно го имаа својот заеднички час во ЕМЦ Колешино. Темата на часот водена од Самуел Цеков беше „Која е цената на следењето на Исус“. Поделени во три групи се дискутираше на повеќе сегменти од евангелијата и на крај сите групи ги споделија своите заклучоци базирани на предходно определените прашања.
Оваа ‘традиција’ на заеднички часови трае веќе неколку години, т.е. се одржуваат еднаш месечно со исклучок на летниот период.
Наредниот час од ваков карактер е закажан на 22.04.2018 во ЕМЦ Моноспитово.

[siteorigin_widget class=”SiteOrigin_Widget_Image_Widget”][/siteorigin_widget]
[siteorigin_widget class=”SiteOrigin_Widget_Image_Widget”][/siteorigin_widget]

Промоција на младинска песнарка


Направена е промоција на нова бесплатна мобилна апликација за христијански духовни песни. Името на апликацијата е „Христијанска песнарка“ и може да ја симнете на вашите мобилни уреди кои го имаат Андроид оперативниот систем преку Google play. Апликацијата содржи околку 330 текстови од песни а се планира да се додаваат и други христијански песни. Покрај промоцијата на апликацијата, песнарката од сега ќе се продава по цена од 150 денари. Да го прославуваме името Господово како што вели Псалмистот во Псалм 104:33 „Ќе Му пеам на Господ преку целиот мој живот, ќе Му пеам на мојот Бог сѐ додека постојам.“

Симона Танчева

[siteorigin_widget class=”SiteOrigin_Widget_Slider_Widget”][/siteorigin_widget]

Младински летен камп 2017

Бог е прекрасен, милостив, и ги исполнува нашите срцата кога тинејџерите и младите сме заедно во името на Господ Исус Христос. Ова го почувствувавме на младинскиот летен камп кој се одржа од 27-30 јули во Комплекс Бела Вода, Берово организирано од Комисијата за работа со млади (КРМ) на ЕМЦ Македонија.
Темата на овој камп беше „Запознај го Божјиот карактер“. Поуката за сите нас е дека нашите карактерни особини треба се повеќе да наликуваат на Божјиот карактер кој е: безгрешен, верен, вистинит, добар, засолниште, заштитник, исцелител, креативен, полн со љубов, милостив, миротворец, мудар, несебичен, праведен, ревносен, свет, совршен, трпелив, татко, утешител и има уште многу да се набројува
Остатокот од времето го поминавме во славење, молитва, запознавање, дружење, игри, слободно време, прошетка, јавање на коњи и разладување во базен. Навистина овој камп послужи за слава на Бог и за развој на заедништвото како Божја благодат.
Нека изборот на секој тинејџер и млад да биде Господ Исус Христос, затоа што само Тој е патот, вистината и животот! Ниту една убавина и задоволство на земјата не може да се спореди со убавините и задоволствата кои ги добиваме од Бог!

-Симона Танчева