НОВОСТИ

Годишна Конференција за 2021

 

85-та Провизорна Годишна Конференција, за дистриктите Србија, Македонија и Албанија се одржа од 10-12 септември 2021 година, поради ситуацијата со Ковид-19, на еден поинаков начин. Со оглед на заштитните мерки кои беа донесени во периодот, делегатите од Македонија беа присутни во ЕМЦ Струмица, додека пак Дистриктот Албанија и Дистриктот Србија со своите суперинтенденти беа присутни на едно место во своите држави, како и епископот Патрик Штрајф во Швајцарија. На тој начин, ГК 2021 се одржуваше онлајн и со скратено време на одржување поради неколкуте предизвици. Беа присутни вкупно околу 50 делегати од сите 3 Дистрикти.

Темата на оваа ГК беше од текстот во Јован 14:1 „Да не се плаши срцето ваше; верувајте во Бога и во мене верувајте.

ГК започна со обраќање од Епископот и сеќавање на починатите делегати и соработници во изминатата година. Во текот на двата дена, се изнесуваа главно прашања и дискусии за извештаите од суперинтендентите и претседателите на Црковните Претставништва. Се прочитаа и извештаи за социјалната работа во дистриктите, а воедно се погледнаа и видеа од работата на Мис Стон центарот во Струмица.

Во текот на целата конференција, делегатите имаа предизвик да размислуваат и разговараат на прашањето за формата и изгледот на Годишната Конференција во иднина, каде што се поттикнаа практични прашања и се изнесоа практични идеи од дистриктите кои остануваат да се реализираат во наредната година, ако Бог сака.

По тој повод, на самата конференција се избра тим од тројца делегати од 3-те дистрикти кои прифатија во скоро време да се состанат и да работат на идеи за идното делување на конференцијата, за прашања поврзани со формата на ГК, така што тие ќе се состануваат неколку пати во текот на наредната година.

Во петок вечер делегатите следеа Богослужба која беше подготвена од браќата и сестрите во Албанија, а се пренесуваше преку Интернет. Со проповед ни послужи пастор Мустафа Исуфи. Конференцијата заврши во сабота вечер со заклучни зборови од Епископот и информирање за задолженијата на проповедниците во сите заедници. За нашиот дистрикт во тој поглед сè останува исто.

Следната Годишна Конференција ќе се одржи во Поградец, Албанија, во мај 2022 година. Се надеваме дека условите ќе дозволат таа да се одржи со физичко присуство на сите делегати.

Благодарни сме на Бог за Неговото водство како и за времето кое можевме да го имаме заедно, иако во неидеални услови, но сепак можевме да се информираме за предизвиците и новитетите низ кои поминувале сите 3 дистрикти во една ваква година. Се надеваме за подобра година во која ќе бидеме во можност да се собереме сите заедно во живо и да растеме сè повеќе во љубов и заедништво.

Skin Color
Layout Options
Layout patterns
Boxed layout images
header topbar
header color
header position