СОЦИЈАЛНИ АКТИВНОСТИ

Дијаконија Македонија

По распаѓањето на СФРЈ, 1991 год. беше обновена социјалната служба на Црквата. Всушност, тоа претставува продолжение на социјалната служба која беше укината по Втората светска војна. По осамостојувањето на Република Македонија (1991) ЕМЦ заедно со нашите сестрински цркви во Австрија, Швајцарија и Германија, ја пренасочи социјалната служба во собирање средства за храна и хигиенски матерјали и за нивен транспорт за Македонија. Првично, социјалната служба беше организирана во струмичкиот регион, опфаќајки ги и радовишкиот и гевгелискиот регион. Со тоа Струмица стана главниот центар на социјалната служба. Од овде се организираа сите хуманитарни акции во овие региони и во целата држава. Се делеше храна, хигиенски продукти, облека, лекови, се организираа хуманитарни транспорти со болнички кревети и медицински инструменти за болниците во Струмица, Гевгелија и за нервно-психијатриската болница во Негорци. Во тоа време посебно беше згрижено училиштето за посебни потреби »Св. Климент Охридски« (порано »25 Мај«) и Заводот за рехабилитација во Бања Банско. За време на косовската војна се роди идејата за изградба на еден социјален центар и тоа се оствари во 2000 година, кога во Струмица беше пуштена во употреба една зграда за социјални потреби на Црквата која го доби името »Мис Стон Центар«. Во истата година, социјалната служба се преименува во Дијаконија Македонија (во чии рамки е и »Мис Стон Центар«).

Со изградбата, Центарот станува централно место на сите активности на социјалната служба на Црквата. Еден од главните проекти е »Храна на тркала« (Meals-објавено-wheels), во кое се опфатени стари, болни, инвалиди, социјално загрозени лица итн. Во моментот се опфатени 250 корисници.

Дијаконија Македонија како социјална служба беше вклучена во помагањето на мигрантите кои минуваа низ Македонија.

Денес Дијаконија функционира како невладина хуманитарна организација и за сите тековни служби и активности можете да ја посетите Фејсбук страницата Дијаконија Македонија – Мис Стон Центар Струмица, Diakonie Macedonia.

Која е Мис Стон?

Мис Елен Стон е американска мисионерка која се грижела за воспитување на младите девојки, патувала низ Македонија, држела семинари за жени и девојки.

Таа неуморна жена на 03.09.1901 год. е киднапирана од четата на Јане Сандански и Христо Чернопеев и останува цели 6 месеци во македонските планини со борците за ослободување на Македонија.

Ослободена е на 26.02.1902 год. во близина на Струмица, кога Мисијата за неа плаќа 14.000 турски лири во злато.

По враќањето во Америка поради своето залагање за ослободување на Македонија од османлиското ропство била принудена сама да ги врати парите за нејзиниот откуп.

НОВОСТИ

сите новости поврзани со избраната служба
Skin Color
Layout Options
Layout patterns
Boxed layout images
header topbar
header color
header position