ОРГАНИЗАЦИЈА

Светска поврзаност врз основа на демократија

Евангелско-методистичка црква (ЕМЦ) е светска црква. Англискиот назив гласи „United Methodist Church“. На оваа црква во светот и припаѓаат околу 12 милиони луѓе.

Од локалните заедници па сè до највисокото светско ниво т.е. Генералната конференција, сите тела и конференции на нашата црква се избрани на демократски начин. Сите служби се отворени за жените и мажите. Сите одлуки се донесуваат од лаиците и пасторите заедно. Има и избрани епископи кои се надлежни за одредени региони и одговорни за водење на Годишните конференции, на кои тие немаат право на глас.

Конференции

Окружната конференција е собраниско тело на локално ниво, што вообичаено се
состанува еднаш годишно и одлучува за прашања во рамките на локално ниво и може да се состои од една или повеќе заедници од повеќе места. Конференцијата избира лица за функции и служби во заедницата,одбор, како и одбори за различни цели (пр. финансии)

Годишната конференција е најважното црковно управно тело. Таа ги вклучува сите заедници и целата работа на еден регион. Овде лаиците и членовите од проповеднициkonferenzen се еднакво застапени. Заедниците од Р.Македонија и Р.Србија припаѓаат на иста Годишна конференција каде што се разгледува целокупната служба и работа на Црквата.

Генералната конференција е највисокото собраниско тело на светско ниво. Таа се свикува секоја четврта година во регионот на САД. Сите Годишни конференции, во зависност од својата бројност,испраќаат свои членови (лаици и проповедници подеднакво). Генералната Конференција ги одлучува уставот и црковните правила, на кои што припаѓаат и социјалните принципи. Таа ги донесува решенијата за актуелните прашања во Црквата и Заедницата и ги избира и им дава инструкции на глобалното управно тело на Црквата.

Надвор од САД, годишните конференции на еден поголем регион прават една заедничка т.н. Централна конференција. Таа е исто така составена од подеднаков број на лаици и проповедници кои што заедно создават едно административно единство, коешто ги координира заедничката работа и мисијата, а исто така го избира и епископот.

За повеќе информации посетете ги страните:

Skin Color
Layout Options
Layout patterns
Boxed layout images
header topbar
header color
header position