• Заеднички младински час – ЕМЦ Колешино

    На 25. 03. 2018  младите од Евангелска црква и младите од Евангелско-методистичка црква повторно го имаа својот заеднички час во ЕМЦ Колешино. Темата на часот водена од Самуел Цеков беше […]

    Read more »
  • Музичка вечер во ЕМЦ Колешино

    Недела, 25 март во ЕМЦ Колешино беше организирана музичка вечер на која сите заинтересирани можеа да присуствуваат и да учествуваат. Целта на ваквите настани е луѓето да се запознаваат со […]

    Read more »
  • Дистриктна конференција 2018

    На 24 март во просториите на Мис Стон Центарот беше одржана овогодинашната Дистриктна конференција. Конференцијата ја водеше Суперинтендент Вилфрид Науснер, а свои извештаи дадоа Претседателот на Црковното претставништво Емил Заев, […]

    Read more »
  • Состанок на Извршниот одбор на Централната конференција

    Состанок на Извршниот одбор на Централната конференција Слушање – учење – растење заедно Од 8 до 11 март 2018 година, Извршниот комитет на Централната конференција на Централна и Јужна Европа […]

    Read more »
  • Окружна конференција Моноспитово

    На 03.03. 2018 се одржа овогодинешната Окружна конференција во ЕМЦ Моноспитово. Конференцијата беше водена од Суперинтендент Вилфрид Науснер, а присуствуваа членовите на одборот како и други членови на црквата. Се […]

    Read more »
  • Окружна конференција Муртино

    На 13 февруари 2018 со почеток во 18:00 часот беше одржана окружна конференција во ЕМЦ Муртино. Конференцијата ја водеше Суперинтендентот Вилфрид Науснер, а беа присутни околу 12 членови на одборот. […]

    Read more »
  • Семинар за теолошко образование

    На 10.02 2018 во ЕМЦ Муртино беше одржан еднодневен семинар за теолошко образование на лаички проповедници и соработници. Темата на семинарот беше: „Учењето на Евангелско-методистичката црква“. Предавач: Суперинтендент Вилфрид Наузнер […]

    Read more »
  • Екуменски средби во Скопје

    Овогодишната молитвена осмина за единство на христијаните се одржа: Во Католичка црква во Скопје на 21.01; во Евангелско Методистичка црква на 22.01; во православната црква Св. Петка на 23.01.2018 год. […]

    Read more »
  • Промоција на младинска песнарка

    Направена е промоција на нова бесплатна мобилна апликација за христијански духовни песни. Името на апликацијата е „Христијанска песнарка“ и може да ја симнете на вашите мобилни уреди кои го имаат […]

    Read more »
  • Вечери на евангелизација и славење – ЕМЦ Моноспитово

    Петок, сабота и недела (24,25 и 26 ноември) денови на евангелизација и славење во ЕМЦ Моноспитово. На темата “Бог не те заборавил“ проповедаше Лила Баловски, ЕМЦ Јабука.  На тие евангелизациони […]

    Read more »

Велигден 2018 год. во ЕМЦ Скопје

ЕМЦ Скопје Велигден 2018
И оваа година во ЕМЦ Скопје, имавме прекрасно време сеќавајќи се и прославувајќи го Христовото воскресение. Имавме исполнет викенд со прекрасни активности и заедништво за слава на Бог.
Вечерта на Велики петок се потсетивме на смртта на Исус Христос, преку музика и проповедање на Словото. Младите од нашата црква го прославија Бог со неколку песни, исто така и хорот ја разубави целата атмосфера со својот настап.
 
Во недела наутро на денот на Христовото воскресение, исто така имаше песни од младите, хорот веднаш по нив, музичка соло изведба, како и прекрасната порака од Словото. На крајот децата имаа Велигденска претстава, каде сликовито го претставија целото случување од воскресението на Исус. Потоа во дворот на црквата им приредивме мала забава на децата со слатки награди. И секако најмалите добија и Велигденско пакетче.
 
Христовото воскресение треба да ни носи радост, како во овој викенд, така и во секој нареден ден од годината. Ви посакуваме Божји благослови.
 
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА! НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА!
ЕМЦ Скопје Велигден 2018
ЕМЦ Скопје Велигден 2018
ЕМЦ Скопје Велигден 2018
ЕМЦ Скопје Велигден 2018

Заеднички младински час – ЕМЦ Колешино

На 25. 03. 2018  младите од Евангелска црква и младите од Евангелско-методистичка црква повторно го имаа својот заеднички час во ЕМЦ Колешино. Темата на часот водена од Самуел Цеков беше „Која е цената на следењето на Исус“. Поделени во три групи се дискутираше на повеќе сегменти од евангелијата и на крај сите групи ги споделија своите заклучоци базирани на предходно определените прашања.
Оваа 'традиција' на заеднички часови трае веќе неколку години, т.е. се одржуваат еднаш месечно со исклучок на летниот период.
Наредниот час од ваков карактер е закажан на 22.04.2018 во ЕМЦ Моноспитово.

Музичка вечер во ЕМЦ Колешино

Недела, 25 март во ЕМЦ Колешино беше организирана музичка вечер на која сите заинтересирани можеа да присуствуваат и да учествуваат. Целта на ваквите настани е луѓето да се запознаваат со поголем број песни и да се увежбуваат песните со нови и корегирани текстови. До сега вакви организирани музички вечери имаше во повеќе заедници.

Дистриктна конференција 2018

На 24 март во просториите на Мис Стон Центарот беше одржана овогодинашната Дистриктна конференција. Конференцијата ја водеше Суперинтендент Вилфрид Науснер, а свои извештаи дадоа Претседателот на Црковното претставништво Емил Заев, финансиски извештај Софија Трајковска и извештај за меѓурелигиски и меѓуверски односи Михаил Цеков. Делегатите исто така беа запознаени и со развојот на два проекти за кои известување дадоа Јулијана Милеска за проектот „Вложувајки во децата, вложуваш во иднината“ - проект наменет за едукација на деца од ромска националност и Мартин Конев за проектот „Нега во својот дом“- проект на Дијакониа Македонија наменет за нега на стари лица.
Конференцијата заврши со заеднички ручек на кој делегатите можеа да разговараат и за предстојната Годишна конференција која ќе се одржи во Кисач, Р.Србија од 12 до 15 април 2018

Состанок на Извршниот одбор на Централната конференција

Состанок на Извршниот одбор на Централната конференција

Слушање - учење - растење заедно

Од 8 до 11 март 2018 година, Извршниот комитет на Централната конференција на Централна и Јужна Европа се сретна во Будимпешта (Унгарија). Работата на темата "Комуникација и тимбилдинг" беше важен дел од програмата - но имаше и дискусии на повеќе теми.

Околу 30 жени и мажи од Евангелско-методистичката црква (ЕМЦ) во десет земји се состанаа во главниот град на Унгарија во првата половина на март 2018 година. Пред една година тие беа избрани за членови на Извршниот комитет или како претседатели на работни групи на Централната конференција на Централна и Јужна Европа. На состанокот во Будимпешта беше дадена прва можност за евалуација и понатамошно планирање. Меѓу учесниците беа и идните суперинтенденти на ЕМЦ во Македонија (Марјан Димов), Србија (Даниел Сјанта) и Словачка (Штефан Рендош).

Наспроти позадината на измените во Извршниот комитет и предизвиците на Црквата која ги надминува границите во многу погледи тематскиот фокус беше ставен на градење тим и комуникација. Имплементацијата на темата беше спроведена на многу креативен и разноврсен начин: радосна, преку формирање на хор и пеење, преку одбележувањето на Тајната вечера, посета на "Невидливата Изложба" интерактивно патување низ светот во целосна темнина, во размислувањето за создавање култура на отвореност - и во заедничката храна.

Со оглед на изборот на темата, беше сосема соодветно што официјалниот јазик на собирот на Извршниот комитет беше, за прв пат, англиски. Ова беше уште еден предизвик и сигурно не помогна во целосното совладување на сите разлики во однос на јазичните вештини, но тоа го зајакна меѓусебното разбирање и заедништво, бидејќи сите мораа да комуницираат на јазик, што не е нивен мајчин јазик.

Извршниот комитет, исто така, имаше значителни разговори и донесе неколку одлуки:

- Работата на елементарниот поредок на богослужба, која е поврзана и флексибилна, ќе продолжи. Работната група Литургија сега има за цел да најде локални цркви во различни земји на Централната конференција, кои се подготвени да стекнат искуство со свесна и конзистентна локална примена на четирите општи делови на богослужбата (пристигнување / слушање / споделување / излегување) или со откривањето на Господовата маса како јадро на христијанското славење.

- Ревидираниот германски превод на социјалните принципи со промените усвоени од Генералната конференција 2016 (на пример, нови статии за култура и идентитет, порнографија, малтретирање) беше одобрен.

- "Насоките за одговорен начин на живот" ќе се прилагодат според содржината и јазикот од страна на Централната конференција 2021.

- Во врска со изборот на нов епископ во 2021 година, беше усвоен предлогот за номинација и изборна постапка.

- Извршниот комитет беше информиран дека добрата финансиска состојба на Пензискиот фонд на Централната конференција дозволува од 1 јануари 2018 година зголемување на исплатите на пензија за сегашните и идните пензионери, како и за вдовиците на пастори.

Следниот состанок на Извршниот комитет ќе се одржи од 6 до 10 март 2019 година во Македонија.

Главната тема ќе биде "Сиромашни и богати на централната конференција".

извор:

Урс Швајцер
асистент на Епископ Патрик Штрајф

Окружна конференција Моноспитово

На 03.03. 2018 се одржа овогодинешната Окружна конференција во ЕМЦ Моноспитово. Конференцијата беше водена од Суперинтендент Вилфрид Науснер, а присуствуваа членовите на одборот како и други членови на црквата. Се разгледа целокупната работа на црквата во изминатата година и беше констатирано дека работата на црквата се одвива во добар правец. Плановите за оваа година остануваат тековните активности и проекти. Конференцијата ја потврди Ребека Пенева за помошник проповедник и за оваа тековна година.

-Даниела Стоилкова

Окружна конференција Муртино

На 13 февруари 2018 со почеток во 18:00 часот беше одржана окружна конференција во ЕМЦ Муртино. Конференцијата ја водеше Суперинтендентот Вилфрид Науснер, а беа присутни околу 12 членови на одборот. Се изложија извештаи во врска со работата во изминатата година. Свои извештаи дадоа: локалниот проповедник Славчо Азманов, проповедник во образование и одговорен за млади и тинејџери Димитар Јаневски, водителката на жени Јана Паланкова, одговорна за работата со деца Зорица Алачева и благајникот Борче Василев.

На оваа конференција беше известено дека од 15 март 2018 година Димитар Јаневски ја прекинува неговата служба во Евангелско- методистичка црква како проповедник во образование и со тоа и неговите понатамошни студии.

Одборот разговараше и за идните активности во црквата.

 

-Даниела Стоилкова

Семинар за теолошко образование

На 10.02 2018 во ЕМЦ Муртино беше одржан еднодневен семинар за теолошко образование на лаички проповедници и соработници. Темата на семинарот беше: „Учењето на Евангелско-методистичката црква“.
Предавач: Суперинтендент Вилфрид Наузнер
На овој настан присуствуваа околу 20 учесници од сите заедници во Македонија.

-Даниела Стоилкова

1 2 3 8