НОВОСТИ

Денови на заедништво – Крушево 2017

Проповедниците од ЕМЦ – Македонија заедно со нивните семејства имаа можност и оваа година да се дружат заедно, да разговарат, да се изградуват и одмарат. Тие имаа заедничко време во прекрасниот хотел Монтана во Крушево кој е со прекрасни планински предели околу него и знаменитости.

Времетраење: од 19.10.2017 (четврток) во 16ч до 21.10.2017 (сабота) до 14ч. Пристигнавме се сместивме и имавме вечера, а после вечерата имавме славење и кратко слово водено од братот Дејан Василев.
Другиот ден програмата почна во 8:00ч со молитва и слово водено од братот Јане Јаневски, а во 8:30ч имавме доручек. До пред вечерата имавме слободно време.така да имавме можност да посетиме неколку места во Крушево, да разговараме и да споделуваме едни со други. После вечерата имавме заедничко време со размислување на две теми дадени од Суперинтендентот Вилфрид Наузнер, едната беше “Како ја гледаме нашата црквата во следните десет години” , и втората тема беше “Што ние како служители би направиле за следните десет години”. После размислувањето и споделувањето на тие две теми ја завршивме вечерта со слово водено од сестра Нада Шаманова.
Последниот ден имавме богослужба со Господна Вечера во која Суперинтедентот Вилфрид Наузнер проповедаше од посланието на апостол Павле до Филипјаните 4:1-9.
Откако заврши богослужбата отидовме на ручек, и после ручекот се поздравивме и си отидовме задоволни и со добро искуство за секој еден од нас.

– Димитар Јаневски

Skin Color
Layout Options
Layout patterns
Boxed layout images
header topbar
header color
header position