Европски Методистички фестивал – STAUNEN 2018
Европскиот Методистички фестивал Staunen, што во превод значи „да бидеш воодушевен“ (од Бог), се оддржа од 9-13 мај во градот Cuxhaven, Dünenhof – северна Германија. Темата гласеше: „Си ги поставил нозете мои на широко место“. На настанот имаше околу 850 луѓе присутни од Европа па и пошироко. Од Македонија бевме присутни 17 млади и возрасни млади. Програмата за сите денови беше пополнета со разни активности што овозможуваше да се запознаеме со браќа и сестри од разни места.
Имаше поставено голем шатор каде наутро и навечер се одржуваше заедничката програма. Секое утро денот почнуваше со славење, скечови, споделување сведоштва и вовед во темата со читање на библикси текст. Пред ручекот се делевме во групи на разни места каде имаше библиски часови и Staunen групи. На библиските часови се обработуваше текстот за денот од страна на одреден предавач, а Staunen групите беа повеќе интерактивни, со дискусија и се споделуваше тоа што беше научено на библиските часови. После ручек секој можеше да одбере во која работилница сака да се приклучи, да оди на екскурзија во градовите Bremerhaven и Cuxhaven, или да спортува. Секоја вечер повторно се собиравме во големиот шатор за вечерна програма.
Првата вечер беше отварање со песни и проповед од Епископот Харалд Рукерт (Harald Rückert). Втората вечер беше Европска вечер на која се претставуваа разни земји со песни, од кои една од нив бевме и ние, а вечерта беше проследена со игра квиз. Третата вечер беше младинска вечер каде настапуваа разни музички групи и соло изведувачи. Во саботата имаше служба на плажа и вечерна музичка програма со христијанска поезија. Во недела фестивалот заврши со утринска служба, со Господна Вечера. За крај имаше заеднички ручек. За Германија патувавме со минибус, по пат натаму ја посетивме нашата црква во Прага и го разгледавме градот, а на враќање ги посетивме и нашите цркви во Хановер и Виена.
Тоа беше едно пријатно време за сите нас каде научивме и се охрабривме со многу нови работи за Библијата, црквата и христијанскиот живот. Благодарни сме на Бог што беше цело време со нас и за
Неговата милост.
-Дејан Василев