Од 12 до 16 септември во хотел „Дрим“- Струга се одржа регионална летна школа на тема: „Религија, етницитет и национализам“ од страна на фондацијата Конрад Аденауер, институтот Вилфрид Мартенс и универзитетот Евро-Балкан од Скопје. На оваа школа присуствуваа учесници од регионот на Балканот, а исто така беа поканети и претставници од Евангелско-методистичка црква во Македонија. Како учесници на оваа школа од ЕМЦ Македонија беа: Даниела Стоилкова, Дебора Јовановска и Марија Танчева. Како дел од програмата на школата беше и излагањето на Мирче Танчев за историјата и основното учење на Евангелско-методистичка црква.
НАЈНОВИ ОБЈАВИ