На 30 мај годинава, на едно заедничко собирање во Мис Стон Центарот, заедно со сите благајници ја испративме секретарката на ЕМЦ во Македонија Софија Трајковска во заслужена пензија.
Дваесет и три години таа ги водеше финансиите на црквата и сите други секретарски работи кои требаше да бидат извршени.
Со голема благодарност за нејзината служба присутните споделуваа пријатни искуства доживеани со неа во текот на нејзиното работење. Во една пријатна и опуштена атмосфера можевме да се испратиме од неа, а во исто време да ги поздравиме и да им посакаме добредојде на нововработените во одделот за финансии на нашата црква: Елисавета Калајлиоска од Скопје и Мирјана Ѓоргиева од Струмица.
На 25 октомври оваа година во ЕМЦ Прилеп на неделената Богослужба дојде до кадровска промена.
Сестра Нада Шаманова, после 31 година служење во заедницата во Прилеп, на свечен начин, со повеќе пријатни изненадувања, браќата и сестрите ѝ заблагодарија за нејзиното служење и ја препуштија во Божјите раце, Тој и понатаму да ја води и благословува.
Во исто време на братот Никола Јованоски, кој како лаички соработник ја презеде грижата за заедницата во Прилеп, му беше посакано Божјото водство и благослов во понатамошното служење.
Додека пак на 1 ноември сестра Нада Шаманова на неделната Богослужба беше претставена и воведена во заедницата во Моноспитово, каде што ќе продолжи да служи според можностите и силите. Таа на 31 декември 2019 година замина во државна пензија, но сѐ уште е во активна служба на црквата.
Сите три настани беа под водство на Суперинтендентот на ЕМЦ Марјан Димов.
На сите нив им посакуваме Бог да ги води и благословува и да им дава успех на трудот нивни на делото Божјо.
Извор на инфо: Од канцеларијата на Суперинтендентот и Даниела Стоилкова