НОВОСТИ

Хумани и во овие најтешки моменти

Поради ситуација со Корона вирусот, Дијаконија Македонија, Мис Стон Центар – Струмица по препораките од владата воведе дополнителни заштитни мерки.

1. Проектот „Храна на тркала“ покрај досега постоечките заштитни мерки воведе и дополнителни мерки, сѐ со цел за заштита, како на нашите корисници така и на нашите вработените.
Овој мега проект функционира скоро 20 години и до сега не бил прекинат ниту еден ден, без разлика на сите проблеми и предизвици што се случиле, па така и сега во ова кризно и опасно време, ние работиме со цел да им помогнеме на луѓето кои се сами, болни, инвалиди, немоќни…
Транспортните возила во кои се дистрибуира храната, целосно се дезинфицираат неколку пати дневно. Исто така дистрибутерите носат опрема, како што се: заштитни ракавици за една употреба, заштитни маски, како и постојано користење на средство за дезинфекција после доставувањеtо на храна на секој наш корисник поединечно.

2. Проектот „Нега во твојот дом“ сега во оваа вонредна ситуација е од уште поголема важност за нашите корисници, кои воедно се и ризичната група на граѓани од Корона вирусот.
Нашата работа продолжува за нега и грижа на корисниците, во нивните домови со редовните посети, но исто така и во овој проект имаме зголемени мерки на претпазливост поради вирусот, па нашиот медицински тим е целосно опремен со медицински ракавици, маски, наочари, мантили, каљачи за обувки и слично, сѐ со цел да не дојдеме до никаков физички контакт до самите корисници или предметите во просторијата.

3. Проектот во Радовиш продолжува со својата работа за да не би се оставиле луѓето без храна.
За нашите вработени, покрај досегашната заштитна опрема и дезинфекција, се додаде и дополнителна, како што се: ракавици, маски, наочари, мантили и слично.
Корисниците порано се собираа во група за делење на храната, но сега поради опасноста од ширење на вирусот, овде во овој проект направивме големи промени во начинот на делењето на храната, односно донесовме одлука да секој корисник си добие точно определен термин кога треба да дојде за да ја зема храната, со цел да не се создаде поголема група на луѓе, кое секако не е препорачливо поради опасноста од зараза. Делењето на храната сега се врши на отворен простор, односно надвор пред социјалниот пункт, па така немаме никаков физички контакт со самите корисници.
Лицата во овој проект, кои се задолжени за делењето на храната, се со заштитна опрема, како: ракавици, маски, наочари, мантили и слично.

Покрај храната, корисниците секојдневно добиваат совети и препораки, како да се заштитуваат од вирусот и доколку добијат некој од симптомите на болеста, во никој случај да не се кријат, туку да се пријават во службите задолжени за тоа.

Со овие проекти секојдневно згрижуваме околу 250 луѓе. Бројка која за нас воопшто не е мала, затоа Ве замолуваме во овие тешки мигови заедно да помогнеме.

Донирајте прехрамбени продукти во просториите на Дијаконија Македонија, Мис Стон Центар – Струмица, на адреса: Стив Наумов 86, Струмица, 034/551-250, или финансиски средства на:

Име: Евангелско-методистичка црква во РМ
Број на сметка: 250-0080004168-42
Даночен број: 4027998132290
Банка: Шпаркасе банка АД Скопје

За финансии од странство:
Name: Evangelsko–metodisticka crkva vo RM (Diaconia Macedonia)
Bank: SPARKASSE BANK MACEDONIA AD SKOPJE
Account: 4715519
IBAN: MK07250008000416842
SWIFT: INSBMK 22

Заедно можеме повеќе!

 

 

Skin Color
Layout Options
Layout patterns
Boxed layout images
header topbar
header color
header position