Од 6 до 9 април, 2017 година, во ЕМЦ Муртино се одржа и 83-та Годишна конференција на која беа присутни околу 50 делегати од Р. Србија и Р.Македонија, како и епископот Патрик Штрајф, суперинтендентите Вилфрид Науснер и Ана Палиќ-Кунчак, делегатите: пастор Алфред Шварцвелдер од Јужно-германската конференција и лаички проповедник Штефан Илг од конференцијата Швајцарија/Франција/северна Африка како и гости од Албанија. Темата за овогодинешната конференција беше: „Вака Бели Господ: Ќе ви дадам ново срце, и нов дух ќе ви дадам.“ – Езекиел 36:26 на која што проповедаа суп. Вилфрид Науснер, пас. Даниел Сјанта и епископ Патрик Штрајф. Водство во утрински размислувања дадоа Дејан Василев и делегатот Алфред Шварцвелдер. Останатото време поминуваше во разгледување на работата во двата дистрикта преку извештаи, кратки дискусии и дополнувања, како и заеднички дружења за време на паузите.
НАЈНОВИ ОБЈАВИ