НОВОСТИ

Доделено признание на Дијаконија С. Македонија

На ден 11 декември 2025 година во малата сала на филхармонијата на Р. Македонија од страна на КОВЗРГ на Дијаконија Северна Македонија и беше доделено признание за хуманитарен допринос во општеството.

„Признанието ни беше врачено на традиционалниот предновогодишен прием „Вељо Манчевски“, настан кој на едно место ги обедини највисоките државни претставници, верските лидери од сите заедници, како и претставници од дипломатскиот и академскиот живот. Меѓу присутните беа претседателката на државата, проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова, претставници на Владата, како и поглаварите и претставниците на верските заедници во Македонија.
Дијаконија – Мис Стон Центар беше наградена за својата континуирана служба кон најранливите категории граѓани, особено преку програмите за обезбедување храна, грижа и поддршка за лица во социјален ризик. Ова признание го доживуваме како силна потврда дека нашата мисија, заснована на вера, солидарност и грижа за човекот, е препознаена и вреднувана.
Со особена благодарност споделуваме дека во истиот период Дијаконија – Мис Стон Центар доби и годишно признание од Општина Струмица, за особен придонес во општествено-хуманитарната дејност. Двете признанија за нас претставуваат силна потврда за континуираната работа и довербата што ја имаме во заедницата на локално и национално ниво.
Изразуваме искрена благодарност до Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, како и до директорката на Комисијата, г-ѓа Оливера Трајковска, за укажаната чест и поддршката.
Посебна благодарност и до сите вработени, волонтери, партнери и донатори кои секојдневно се дел од мисијата на Дијаконија.
Ова признание е наша заедничка заслуга и обврска со уште поголема посветеност да продолжиме да служиме таму каде што помошта е најпотребна.“ (Автор Мартин Конев, извршен директор)
Skin Color
Layout Options
Layout patterns
Boxed layout images
header topbar
header color
header position