Категорија: НОВОСТИ

Јавна реакција на Предлог-закон за родова еднаквост

verski poglavari

Поглаварите на МПЦ-ОА, ИВЗ, КЦ, ЕМЦ и ЕЗ, поттикнати од најавата за донесување на Предлог-законите за матична евиденција и за родова еднаквост, денес се сретнаа за да испратат јавна и писмена реакција со која апелираат до сите релевантни субјекти, сериозно да ја разгледаат можноста за повлекување на споменатиот Предлог-закон. Тој документ можете да го погледнете тука.

reakcija rodova ednakvostreakcija rodova ednakvost

Национален ден на молитва 2023 г.

национален ден на молитва

 

Драги браќа и сестри во Христа,
Библијата со низа примери нѐ охрабрува и поттикнува да веруваме дека со истрајна и застапничка молитва, може да го промениме тоа што изгледа непроменливо. Повеќе

Говор на суперинтендентот Марјан Димов на трибината „Како да се радуваме во време на кризи“

Обраќањето на Суперинтендентот на ЕМЦ во Македонија, пастор Марјан Димов на трибината „Како да се радуваме во време на кризи“, која се одржа на 30.9.2022 година во Скопје. Повеќе

Лаички семинар во ЕМЦ Моноспитово

Од 3-ти до 5-ти март 2022 г. во ЕМЦ Моноспитово се одржа семинар за лаички соработници,
на кој беа присутни 22-ца учесници и соработници. Со помош од предавачот од Швајцарија, суперинтендентот Штефан Цуркер, заедно се размислуваше на темата: како да се подготви една проповед. Му благодариме на Бог за можноста да се биде дел од овој семинар и да се вложува во службата на проповедниците.

Следат неколку коментари од учесниците:

Дејан Василев, ЕМЦ Муртино
Ми се допаднаа начините на проучување на Библијата, поконкретно кога размислувавме на белешките за време, место, лица, проблеми и употреба, на еден текст. Тие принципи, односно начини на размислување ќе ми помагаат во проучувањето на Библијата понатаму.

Данаил Ристовски, ЕМЦ Скопје
Ми се допадна што беше работен семинар, што не беше само слушање како повеќето. Ми се допадна што имаше цел семинарот, и како понов проповедник ми помогна да разберам дека можам да го концептуализирам процесот на создавање проповеди. Ми отвори една интересна насока на размислување.

Никола Јованоски, ЕМЦ Прилеп
За мене семинарот беше од добар карактер бидејќи првпат учествувам на ваков семинар и истиот беше доста поучен, како за спремање на проповед така и за толкување на параболи. Исто така имавме и супер заедништво и разговори. Тие работи се паметат.

Величко Зафиров, ЕМЦ Кочани
Голема радост беше за мене, а и задоволство да присуствувам за прв пат на еден семинар за лаички проповедници, каде што имав прилика да научам многу работи кои ги сочинува една проповед. Tоа што посебно ми зема внимание е моментот на размислување земајќи во предвид што можат да добијат слушателите во тој момент, која е целта на проповедта и нејзината структура (вовед, главен и завршен дел или заклучок). Ова искуство е всушност и темелот на она на кое сакам да работам во иднина. Благодарение на овој семинар имам една многу појасна слика на формирање или подготвување на проповед за во иднина.

Ѓеорги Грнчаров, ЕМЦ Струмица
Беше корисно да се размислува и разглобува еден текст од Библијата, и да се слушнат различни начини за тоа, како да се доживее еден текст преку нашите сетила, и на еден покреативен начин. Ми се допадна начинот на кој што размислувавме на различни идеи за Библиско проучување.

Годишна Конференција за 2021

 

85-та Провизорна Годишна Конференција, за дистриктите Србија, Македонија и Албанија се одржа од 10-12 септември 2021 година Повеќе

Информации од ЕМЦ заедниците

На 30 мај годинава, на едно заедничко собирање во Мис Стон Центарот, заедно со сите благајници ја испративме секретарката на ЕМЦ во Македонија Софија Трајковска во заслужена пензија. Повеќе