85-та Провизорна Годишна Конференција, за дистриктите Србија, Македонија и Албанија се одржа од 10-12 септември 2021 година Повеќе
85-та Провизорна Годишна Конференција, за дистриктите Србија, Македонија и Албанија се одржа од 10-12 септември 2021 година Повеќе
Комисијата за работа со деца и млади ве поканува да се придружите на новогодишно дружење кое ќе се случува онлајн. Повеќе
Поради ситуација со Корона вирусот, Дијаконија Македонија, Мис Стон Центар – Струмица по препораките од владата воведе дополнителни заштитни мерки. Повеќе
Во неделите на 15-ти и 22-ри март 2020 г., со почеток во 10ч. и 18ч. тука ќе има пренос во живо Повеќе
Кога ќе се спомне зборот SPIELMOBIL (Шпилмобил) веќе на многумина им е јасно дека станува збор за дел од проектите на шаторската мисија на Евангелско методистичката црква, односно евангелското дело, кое под мотото “На сите им е потребен Христотс!” посетува повеќе европски земји и преку тоа на децата и младите низ Европа им овозможува да се радуваат користејќи ги реквезитите кои тие ги нудат, а се со цел да слушнат за Исус!
ЕМЦ Македонија, преку (КРД) Комисијата за работа со деца, веќе трета година по ред зема дел во овој проект: првата година бевме во ЕМЦ Колешино, втората во ЕМЦ Моноспитово и Скопје, а оваа година бевме во три други заедници и тоа ЕМЦ Кочани, Радовиш и Муртино од 16. 6. до 27. 6. 2018. Во секое место по три дена.
Како и првите две години и оваа година не посетија со трамболината и големата ЗЕМЈЕНА ТОПКА, а наместо шаторот, малиот гумен замок и фудбалчето, со нив го донесоа големото живо фудбалче, по кое се водевме при избирањето на темата. Односно животот беше спореден со натпревар всушност преку тоа сакавме да ја доближиме Библијата до децата и токму и така звучеше насловот: Дојдете да ви кажеме за Библијата!