Драги браќа и сестри во Христа,
Библијата со низа примери нѐ охрабрува и поттикнува да веруваме дека со истрајна и застапничка молитва, може да го промениме тоа што изгледа непроменливо.
Молитвениот настан ќе започне во 10 часот и со мали паузи ќе трае до 17.
Искрено, се надеваме дека ќе дојдеме заедно преку нашите молитви да ги промениме невидливите сили над небото на Македонија, а со тоа да се променат и видливите сили кои се во сојуз со невидливиот авторитет. Како што има напишано еден богослов:
„Историјата им припаѓа на застапниците во молитва“.
Со почит и благослов во името на нашиот Спасител Исус Христос!
Од името на иницијативниот тим за Национален ден на молитва,
пастор Лазо Танчев и пастор Венцо Наков