Многу ми е драго што оваа година можевме да ја одржиме нашата „Средба со вработени во ЕМЦ МК и нивните фамилии“, која се одржа од 14-ти до 16-ти октомври во ЕМЦ Струмица, после две години пауза. Поминавме квалитетно време заедно, се дружевме, разговаравме за заеднички идеи, и имавме вовед и дискусија на книгата 5-те дисфункции на еден тим. Мислам дека сите научивме по нешто, на кое ќе работиме секој во својата заедница. Нека Бог ги благослови тие средби и да ни покажува нови начини на служење за Негова слава а за наше изградување!
„а од управниците понатаму се бара секој од нив да се покаже верен.“ – 1 Коринтјаните 4:2
Ревека Василева