ЖЕНИ

ЕМЦ има придонесено многу за еманципацијата на жените во Македонија и тоа многу порано од појавата на феминистичките трендови во светот. Уште со самото доаѓање на овие простори (втората половина на 19-тиот век), мисионерите имале училишта во рамките на црквата, каде девојчињата учеле да читаат и да пишуваат. Понатаму, своето образование го продолжувале во гимназијата во Битола.

Денес жените имаат многу значајна улога во Црквата.

Тие ги имаат своите женски часови, каде што водители се самите тие и зборуваат на теми што самите ги имаат одбрано.

Тие одат и во посета на болни, стари и хендикепирани лица, си помагаат меѓусебно, изработуваат ракотворби за продажба, со што ја збогатуваат женската каса.
Се организираат и работилници од областа на здравјето, кои ги води лекар-специјалист.

Секоја втора година се одржува женски семинар, каде се разработуваат теми од животот, погледнати од два аспекта: библиски и психолошки. Учесничките се од Република Македонија и од Република Србија. Жените се на различна возраст, коешто се покажа како огромна предност, особено во размената на искуствата и знаењата.

Жените во ЕМЦ, во Македонија се член од Светскиот Молитвен Ден.

Веќе 15 години четирипати во годината излегува женското списание „Харизма“, кое се занимава со потребите на жените во женските групи. Во „Харизма“ може да се најдат материјали за подготовка на часови, известувања за актуелни настани во Црквата, текстови од историјата на црковниот живот, од областа на медицината итн. Полот не игра никаква улога во врска со проповедничката служба. Секоја жена може да биде проповедничка и да служи на словото Господово.

Skin Color
Layout Options
Layout patterns
Boxed layout images
header topbar
header color
header position