ДЕЦА И МЛАДИ

Во секоја заедница постои младински час

Тој час е шанса младите луѓе да разговараат за своите проблеми, сомнежи, верувања, надежи. Исто така, се обработуваат теми од Библијата и од учењето на нашата Црква. Во рамките на младинските активности е и заедничкиот дочек на Нова Година, традиционалниот првомајски излет, а секоја година се одржува и младински камп, кој исто така е прилика за дружење, меѓусебно запознавање и славење на Бога.

Децата имаат значајно место во секоја Заедница во нашата Црква. Акцентот најмногу е ставен на т.н. неделно училиште кое се одвива за време на неделната Богослужба.

На почетокот на Богослужбата децата се во црквата. Многу е важно и тие да се почувствуваат и да се доживуваат како дел од Заедницата. Во одреден дел од Богослужбата, децата одат во неделно училиште. Започнуваат со песна и молитва, а после тоа следува раскажување на библиска поука и рачна работа, која е поврзана со темата.

На крајот следи учење на стих од Библијата, кој децата го кажуваат пред Заедницата на крајот од Богослужбата. Со децата работи учител/ка кој/а е компетентна за таа работа. Еднаш во годината се одржува Детски состанок, на кој земаат учество децата од сите Заедници во Македонија

Skin Color
Layout Options
Layout patterns
Boxed layout images
header topbar
header color
header position