Промоција на младинска песнарка


Направена е промоција на нова бесплатна мобилна апликација за христијански духовни песни. Името на апликацијата е „Христијанска песнарка“ и може да ја симнете на вашите мобилни уреди кои го имаат Андроид оперативниот систем преку Google play. Апликацијата содржи околку 330 текстови од песни а се планира да се додаваат и други христијански песни. Покрај промоцијата на апликацијата, песнарката од сега ќе се продава по цена од 150 денари. Да го прославуваме името Господово како што вели Псалмистот во Псалм 104:33 „Ќе Му пеам на Господ преку целиот мој живот, ќе Му пеам на мојот Бог сѐ додека постојам.“

Симона Танчева

[siteorigin_widget class=”SiteOrigin_Widget_Slider_Widget”][/siteorigin_widget]

Младински летен камп 2017

Бог е прекрасен, милостив, и ги исполнува нашите срцата кога тинејџерите и младите сме заедно во името на Господ Исус Христос. Ова го почувствувавме на младинскиот летен камп кој се одржа од 27-30 јули во Комплекс Бела Вода, Берово организирано од Комисијата за работа со млади (КРМ) на ЕМЦ Македонија.
Темата на овој камп беше „Запознај го Божјиот карактер“. Поуката за сите нас е дека нашите карактерни особини треба се повеќе да наликуваат на Божјиот карактер кој е: безгрешен, верен, вистинит, добар, засолниште, заштитник, исцелител, креативен, полн со љубов, милостив, миротворец, мудар, несебичен, праведен, ревносен, свет, совршен, трпелив, татко, утешител и има уште многу да се набројува
Остатокот од времето го поминавме во славење, молитва, запознавање, дружење, игри, слободно време, прошетка, јавање на коњи и разладување во базен. Навистина овој камп послужи за слава на Бог и за развој на заедништвото како Божја благодат.
Нека изборот на секој тинејџер и млад да биде Господ Исус Христос, затоа што само Тој е патот, вистината и животот! Ниту една убавина и задоволство на земјата не може да се спореди со убавините и задоволствата кои ги добиваме од Бог!

-Симона Танчева

Младински камп 2017

Сите заинтересирани млади на возраст од 13 до 27 години можат да се јават кај одговорните на младинските групи или пасторот. Учеството за овој камп е 2.000 денари. Во цената е вклучено: сместување, храна и пат.

Младински камп 2017

1 мај-собир

 

По повод првомајскиот празник беа одржани два собира. Едниот собир беше за млади до 27 години во ЕМЦ Муртино, а другиот за сите возрасни почнувајќи од 28 години, како и за фамилии и пензионери, во ЕМЦ Моноспитово. Овие дружења беа организирани како дводневен собир и имаа своја програма. Подолу можете да видите дел од атмосферата и активностите, а повеќе околу доживувањето ќе можете да прочитате во следниот број на списанието „Пат на животот“.

Годишна конференција 2017- ЕМЦ Муртино

Од 6 до 9 април, 2017 година, во ЕМЦ Муртино се одржа и 83-та Годишна конференција на која беа присутни околу 50 делегати од Р. Србија и Р.Македонија, како и епископот Патрик Штрајф, суперинтендентите Вилфрид Науснер и Ана Палиќ-Кунчак, делегатите: пастор Алфред Шварцвелдер од Јужно-германската конференција и лаички проповедник Штефан Илг од конференцијата Швајцарија/Франција/северна Африка како и гости од Албанија. Темата за овогодинешната конференција беше: „Вака Бели Господ: Ќе ви дадам ново срце, и нов дух ќе ви дадам.“ – Езекиел 36:26 на која што проповедаа суп. Вилфрид Науснер, пас. Даниел Сјанта и епископ Патрик Штрајф. Водство во утрински размислувања дадоа Дејан Василев и делегатот Алфред Шварцвелдер. Останатото време поминуваше во разгледување на работата во двата дистрикта преку извештаи, кратки дискусии и дополнувања, како и заеднички дружења за време на паузите.