ВО ШТО ВЕРУВАМЕ / БИБЛИЈАТА

Велиме дека Библијата е неопходна за нашата вера и нашиот живот, но што точно е Библијата? Еве тука има четири начини на размислување:

Библиотека

Библијата е збир на шеесет и шест книги, триесет и девет во Стариот Завет (или Еврејска Библија) и дваесет и седум во Новиот Завет. Овие книги бea пишувани во период од илјада години на три јазика: еврејски, арамејски (јазикот на кој зборувал Исус) и старогрчки (коине).

Книгите се разликуват по должината и според литературниот стил. Во еврејската Библија среќаваме легенди, истории, литургии за Богослужби во заедниците, песни, поговорки, проповеди, дури и поетска драма (Јов). Во Новиот Завет се наоѓаат Евангелијата, има историја, многу посланија и една апокалипса (Откровение). Сепак, преку сето ова целата Библија е приказна за еден Бог, кој стои во заветна врска со Божјиот народ.

Свето Писмо

Во древните времиња и во текот на многу генерации, шеесет и шесте книги беа темелно користени од верни луѓе. Во текот на тој процес се мерела нивната вредност, и заедницата на верниците конечно им даде посебно одобрение. Тие книги, тестирани од верата, потврдени преку искуството, станаа свети; тие станаа нашето правило за верата и во праксата.

Во Израил околу 621 година пред Христа, 5.-та Книга Мојсеева беа прифатена како  Божјо Слово. Тората, или Законот (првите пет книги на Еврејската Библија) доби канонска валидност околу 400 г. пред Христа, Пророците околу 200 г. пред Христа и Списите околу 100 г. пред Христа. После одредена борба, христијаните решија и Еврејската Библија да важи и за нив како Божјо Слово. Новиот Завет каков што го познаваме ние, беше формиран и усвоен од Советот на црквите помеѓу 200-та и 400-та година по Христа.

Бог ни зборува за спасението

Ние велиме дека Бог ни зборува преку Библијата и дека таа содржи сè што ни е потребно за спасение. Нејзиниот авторитет произлегува од три извори:

  • Констатираме дека пишувачите на Библијата бea инспирирани од Бога, бea исполнети со Божјиот Дух и ја напишаa вистината најдобро како што знаеле.
  • Констатираме дека Бог дејствуваше во процесот на канонизацијата, преку која, како Божјо Слово беа прифатени само најверодостојните и најкорисните книги.
  • Констатираме дека Светиот Дух делува и денес ако го проучуваме внимателно Божјото Слово, особено во заедништво, барајќи старите слова да ги примениме во денешната животна реалност.

Затоа авторитетот на Библијата не е нешто волшебно. На пример, не ја отвораме каде било (случајно) за да ја откриеме Божјата волја. Авторитетот на Словото произлегува од раздвижувањето на Светиот Дух во минатото и во нашето денешно читање.

Водич до верата и животот

Ние, Евангелско-методистичките верници дозволуваме Словото да дејствува. Во Богослужбите на заедниците читаме од Библијата. Преку проповедта ја пренесуваме нејзината порака во нашите животи. Словото е позадината на нашите химни и литургијата. Тоа е основата на нашиот наставен план. Многу од нас секојдневно го користиме во нашите индивидуални размислувања и молитви. Но и покрај тоа, мора да признаеме дека сè уште постои огромна „библиска неписменост“ во нашата црква. Треба да си помогнеме едни на други да ја отвориме Библијата и да ја користиме.

Можеби, Библијата најдобро може да се користи кога сериозно ќе одговориме на овие четири прашања, за даден текст:

(1) Какво значење имаше овој пасус за првите слушатели? (2) Каква улога игра во целокупното сведоштво на Библијата? (3) Што сака Бог да каже во поглед на мојот живот, мојата заедница, мојот свет преку овој пасус? и (4) Какви промени треба секојдневно да земам во предвид на пр. како резултат на моите размислувања?

Skin Color
Layout Options
Layout patterns
Boxed layout images
header topbar
header color
header position