Евангелизација ЕМЦ- Битола

Оваа година е јубилејна за нашата црква во Битола, бидејќи 1886 е изградена првата Евангелска црква во Битола каде што најмалку еднаш во годината се проповедало и поучувало за воскресението на нашиот Господ и Спасител Исус Христос.
Оваа година во сабота, недела и понеделник имавме три свечени Богослужби на кои учествуваа покрај домаќините во саботата, во неделата сестра Нада Шаманова, братот Никола Јованоски и младите од ЕМЦ-Прилеп. Потоа во понеделникот братот Лазе Танчев, братот Дејан Василев и дел од хорот во ЕМЦ-Скопје. Делевме трактати и пеевме песни со гитара на широк сокак во центарот на Битола.
Имавме прилика после Богослужбите да сретнеме и запознаеме неколку нови лица, иако беше доста дождливо за време на некои од Богослужбите. Темата на овие Богослужби беше: Блажени се тие кои не виделе а поверувале дека Исус воскресна од мртвите. Блазеси им на тие кои не го бараат живиот меѓу мртвите и за кои Господ е Исус и денес сеуште.
Благодарност на Бога за сите кои се молеа и кои на различни начини помогнаа да се реализираат овие Богослужби за слава на Бога но и за други да бидат придобиени за славата Божја. Господ Исус е ист вчера денес и засекогаш.
Мирче и Мери Танчеви