ТЕКОВНИ ПРОЕКТИ

Потребни донации за локални проекти, по секоја заедница:
Ова е список на активни проекти кои ги истакнуваат потребите на локалните цркви и иницијативи кои имаат потреба од финансиски средства и донации за нивно успешно завршување. Покрај вашите молитви, кои се од големо значење за овие потфати, веруваме дека Бог ќе ги отвори вашите срца за да ги поддржите овие проекти, помагајќи нивната реализација да се одвива побрзо. Иако финансиските средства се главната потреба, со радост прифаќаме и други видови на помош, како материјали, вештини или работна сила. Ако се чувствувате повикани да помогнете на кој било начин и имате потреба од дополнителни информации, ве молиме не двоумете се да нè контактирате. Доколку сте одлучни да подржите некој од овие проекти, можете директно да ја уплатите вашата донација на нашата сметка:

Сметка за доброволни прилози на Евангелско-методистичката црква
НЛБ Тутунска банка: 210-0471551901-34
Цел на дознака: шифра на проект (пример: МУ-01)

Вашата поддршка ќе има значајно влијание во исполнувањето на овие проекти.

 

ЕМЦ Муртино
Шифра: МУ-01
Опис: Реновирање на црковна зграда фасада, олуци, реклама и друго.

Шифра: МУ-02
Опис: Опремување на поткровјето во гостинска соба за преноќување во куќата.


ЕМЦ Прилеп

Шифра: ПР-01
Опис: Потреба од нова црковна зграда.


ЕМЦ Радовиш

Шифра: РД-01
Опис: Потребата за нов Црковен објект во Радовиш постои. Во меѓувреме се бара нова поголема просторија и потребни се средства за нејзино опремување: повеќе столици, клима инвертер, систем за озвучување со миксета и микрофони.


ЕМЦ Раклиш

Шифра: РК-01
Опис: Заедницата има потреба од тоалети, моментално сѐ уште функционира со полско веце.

Шифра: РК-02
Опис: Потреба од инвертер клима за главна сала.

 

Skin Color
Layout Options
Layout patterns
Boxed layout images
header topbar
header color
header position