Мисија и екуменска настроеност
Методизмот настанал од длабокото воодушевување и од големата радост која е создадена од Светиот Дух. Затоа методизмот посветува голема грижа за мисијата и за соработката со другите цркви.
На еден римокатолички христијанин, Џон Веслеј (John Wesley) му го пишува следново: » Иако ние во многу работи не го делиме истото мислење, сепак треба да се љубиме. Ако така постапуваме не би направиле никаква грешка. Оти во тоа ниту во еден момент никој не смее да се сомнева. Бог е љубов и кој љуби останува во Бога и Бог во него.
Тоа мислење Методизмот го застапува и денес. Никогаш Методизмот не преземал акции против други цркви. И затоа не е случајно што Методистите имаат значајно учество во Екуменското движење.