Ние веруваме дека Бог ги создал човечките суштества според Божјиот лик.
Ние веруваме дека луѓето можат да изберат да прифатат или отфрлат врска со Бог.
Ние веруваме дека секој човек за да биде целосен човек потребно е да биде поврзан со Бог.
Исто така веруваме дека на почетокот Бог ја создаде институцијата брак, сочинета од еден маж и една жена.
Затоа Евангелско-методистичката црква во Македонија поддржува дефиниција на бракот како заедница помеѓу еден маж и една жена, односно моногамен, хетеросексуален брак.
Евангелско-методистичка црква во Македонија не ја одобрува практиката на хомосексуалност и ја смета оваа практика за небиблиска и спротивна на христијанското учење.














