ТЕКОВНИ ПРОЕКТИ

Потребни донации за локални проекти, по секоја заедница:
Ова е список на активни проекти кои ги истакнуваат потребите на локалните цркви и иницијативи кои имаат потреба од финансиски средства и донации за нивно успешно завршување. Покрај вашите молитви, кои се од големо значење за овие потфати, веруваме дека Бог ќе ги отвори вашите срца за да ги поддржите овие проекти, помагајќи нивната реализација да се одвива побрзо. Иако финансиските средства се главната потреба, со радост прифаќаме и други видови на помош, како материјали, вештини или работна сила. Ако се чувствувате повикани да помогнете на кој било начин и имате потреба од дополнителни информации, ве молиме не двоумете се да нè контактирате. Доколку сте одлучни да подржите некој од овие проекти, можете директно да ја уплатите вашата донација на нашата сметка:

Сметка за доброволни прилози на Евангелско-методистичката црква
НЛБ Тутунска банка: 210-0471551901-34
Цел на дознака: шифра на проект (пример: МУ-01)

Вашата поддршка ќе има значајно влијание во исполнувањето на овие проекти.

 

ЕМЦ Муртино
Шифра: МУ-01
Опис: Реновирање на црковна зграда, фасада, олуци, натпис и друго.

Шифра: МУ-02
Опис: Опремување на поткровјето во гостинска соба за преноќување.


ЕМЦ Прилеп

Шифра: ПР-01
Опис: Изградба на нова црковна зграда.


ЕМЦ Радовиш

Шифра: РА-01
Опис: Изградба на нов црковен објект.

Шифра: РА-02
Опис: Во меѓувреме се бара нова поголема просторија. Потребни се финансии за нејзино опремување со инвентар: столови, клима, музички инструменти и систем за озвучување (миксета, микрофони, звучници…).


ЕМЦ Раклиш

Шифра: РАК-01
Опис: Заедницата има потреба од тоалети. Во моментов има само полско WC.

Шифра: РАК-02
Опис: Потреба од соодветна клима за главна сала.


ЕМЦ Драчево

Шифра: ДР-01
Опис: Целосно реновирање на црквата, вклучувајќи го кровот, собите, столаријата и изградба на посебен тоалет.


ЕМЦ Кочани

Шифра: КО-01
Опис: Се собираат средства за изградба и опремување просторија за млади.


ЕМЦ Скопје

Шифра: СК-01
Опис: Потребни се донации за обновување на црковниот инвентар и реновирање на кујната на најгорниот кат.