НОВОСТИ

Женски одмор, Струга, 2016

И оваа година жените од ЕМЦ од цела Македонија ја имаа можноста да уживаат 4 дневнен одмор кој се одржа од 26 до 29 септември во хотел „Бисер“ – Струга. Покрај многуте активности и разговори кои жените ги имаа меѓусебно, тие имаа можност да слушнат и неколку предавања на темата, која беше водилка на овој краток одмор, „Поканети на Божјата трпеза“. Организацијата секако беше предводена од координаторката на жени за Јужна Европа Барбара и координаторката на жени во Македонија Кристина Цеков, но учество во целата таа активност зедоа и други жени: Јулијана Милеска, Павлина Манавска, Лила Баловска, Керол Партриџ, Софија Трајковска и браќта од Србија кои се погрижија за музиката, како и Матијас, сопругот на Барбара кој не водеше низ неколку теми,а и други сестри кои помогнаа за успешна реализација на програмата. На овој одмор беа присутни 50 сестри од цела Македонија. Убаво е да се спомне и екскурзијата која жените ја имаа во среда, 28 септември до Поградец, Албанија. Заедничкото време поминато со заедницата таму беше вистински благослов за сите. Жените имаа можност поблиску да се запознаат со работата на ЕМЦ во Албанија, како и да посетат некои значајни места т.е. местото каде што жените од ЕМЦ Поградец го реализираат проектот „шиење ташни“ и центарот за социјална служба, место каде се собираат лица со инвалидитет, лоцирано во центарот на градот.

Во кратки црти: време благословено, време пријатно и сончево, многу жени, многу разговори, многу радости, песни и задоволства. Му благодариме на Бог за Неговата неизмерна љубов и милост која ја искажува и кон нас жените преку своите служители.

 

 

Skin Color
Layout Options
Layout patterns
Boxed layout images
header topbar
header color
header position