ВО ШТО ВЕРУВАМЕ / СВЕТИОТ ДУХ

Светиот Дух е Божјото сегашно дејствување помеѓу нас. Кога го чувствуваме Божјото водство, Божјиот предизвик, или Божјата поддршка или утеха, ние велиме дека тоа е Светиот Дух кој дејствува.

Во еврејскиот јазик, зборовите за дух, ветар и здив се скоро исти. Ист е случајот и со старогрчкиот (коине) јазикот ако сакале да го опишат Божјото делување помеѓу нив, луѓето од тоа време велеле дека тоа било исто како Божјиот здив, како свет ветар. Не можело да се види или да се дофати: „Ветрот дува каде што сака и гласот негов го слушаш, но не знаеш од каде иде и на каде оди; така е со секој човек роден од Духот.“ (Јован 3:8)
Но ефектот од Божјиот дух, иско како со ветрот, можел да се почувствува и спознае. Каде наоѓаме сведоштва за дејствувањето на Духот?

Во Библијата

Духот често се спомнува во Библијата. Во Битие се вели дека „Божјиот Дух лебдеше над водата“, како да учествувал во создавањето да Земјата (1:2). Понатаму во Стариот Завет (Еврејската Библија) често читаме за  „Духот Божји.“

Кога Матеј го опишува Исусовото крштавање, се вели за Исус дека „одеднаш Му се отворија небесата и Го виде Духот Божји како слегува како гулаб и се спушта над Не­го“ (3:16) и „тогаш Духот Го одведе Исус во пус­тината за да биде искушуван од ѓаволот“ (4:1). После своето воскресение Исус им кажува на своите ученици, „ќе примите сила од Светиот Дух, Кој ќе слезе на вас“ (Дела 1:8). Неколку недели подоцна, на денот на педесетница, се случи следното: „Тогаш ненадејно се создаде шум од небото, како силен ветар кога дува… и сите се исполнија со Дух Свети“ (Дела 2:2,4). Како што сведочат книгата Дела на Апостолите а и Павловите писма, од тој момент натаму, раните христијани беа јасно свесни дека Божјиот Дух е тој кој ја води новата црква.

Во советување, утеха и сила

Денес ние продолжуваме да го искусуваме Божјиот здив, Божјиот Дух. Како што вели еден наш запис, „Ние веруваме во Светиот Дух, Божјото присуство со нас за водство, утеха и сила“. Го чувствуваме Светиот Дух во времето, во молитвата, во нашето проучување на Библијата, во донесувањето на тешка одлука, или во сеќавање на некој близок. Допирот од Светиот Дух e длабок и личен.

Можеби сме повеќе свесни за Светиот Дух во заедништво на верниците – во заедницата, во Библиското неделно училиште или во домашната група, во социјалните програми, во црковниот одбор, молитвениот состанок, фамилијата. На некој начин, Светиот Дух зборува преку грижливата интеракција на Божјите луѓе. Светиот Дух, кој ја започна црквата, се уште ја води и ја гради, само доколку го слушаме.

Во даровите кои ги примаме

Како влијае Светиот Дух во нашите животи? Со тоа што нѐ променува! Со тоа што нѐ обновува и нѐ зајакнува за работа во служба.

Плодови: Исус рече, „По нивните плодови ќе ги познаете“ (Матеј 7:16) Каков вид на плод? Павле вели: „А плодот на Духот е: љубов, радост, мир, долготрпеливост, благост, добрина, верност, кротост, воздржливост“ (Галатјани 5:22)

Дарови: Павле исто така пишува дека Духот им дава духовни дарови на верниците. Во 1. Коринтјаните 12:8-10 наведува девет дарови, што варираат од една до друга личност: да зборува со мудрост, да зборува знаење, вера, дарби за лекување, чудотворства, да пророкува, разликување на духови, разни видови јазици и толкување на јазици.

Овие плодови и дарови не се наше сопствено достигнување. Тие се резултат на духовна работа во нас, по милост, преку нашата вера во Исус Христос. И не се дадени за наша лична корист. Преку овие плодови и дарови, Светиот Дух нѐ овластува за служба во светот.

Skin Color
Layout Options
Layout patterns
Boxed layout images
header topbar
header color
header position