ВО ШТО ВЕРУВАМЕ / ИСУС

Во обидот да најдат зборови со кои ќе ја искажат својата вера во Исус, писателите во Новиот Завет му имаат дадено различни имиња. Исус беше Господар, Рабин, Учител. Тој беше Патот, Вистината и Животот. Тој беше Вратата кон плодно пасиште, Светлината на светот, Прицот на Мирот, и многу повеќе. Во долгата традиција на црквата, се среќаваат записи и за други имиња и титули. Да погледнеме пет од најчестите библиски имиња за Исус.

Син Божји

Ние веруваме во Исус како посебно Божјо дете. Ова го нарекуваме отелотворување, што значи дека Бог беше во овој свет во вистинскиот човек Исус од Назарет. Писателите на Евангелијата го опишуваат ова на различни начини. Во Марко, Исус делува како да е посвон како Божји Син при неговото крштавање. Во Матеј и Лука, Исус е зачнат преку Светиот Дух. Во Јован, Исус е Божјиот Збор кој постои од пред времето и кој „постана тело и живееше меѓу нас“ (1:14). Како и да се има случено оваа мистерија, ние сме уверени дека Бог е целосно присутен во Исус Христос.

Син Човечки

Парадоксално, но ние исто така веруваме дека Исус беше целосно човек. Една од првите црковни ереси тврдеше дека Исус само наликува како да е човек, и дека тој во суштина бил божествена фигура која е скриена. Но уште раната црква го има отфрлено ова. Таа потврди дека Исус беше личност во секоја смисла во која и ние сме. Тој беше искушуван. Се изморуваше. Плачеше. Го покажуваше својот гнев. Всушност, Исус е Божјата претстава за тоа што значи да се биде зрел човек.

Христос

Ние сосема лесно изговараме „Исус Христос“, како „Христос“ да е презимето на Исус. Сепак ова име е уште еден начин на кој искажуваме што ние веруваме дека Исус е. Христос е старогрчкиот (коине) превод на еврејскиот збор Месија, што означува Божји Помазаник. Долги години пред Исус, евреите очекуваа да дојде нов крал, наследник на длабоко почитуваниот крал Давид, за кој очекуваа да ја подигне еврејската нација во слава. Исто како кралевите од старите времиња, и овој крал требаше да биде помазан со масло на главата, означувајќи дека е избран од Бог, односно дека е Избраниот = Помазаниот = Месијата = Христос. Раните еврејски христијани објавуваа дека Исус беше навистина оној Избраниот. Одтука, со тоа што денес го нарекуваме Христос, ние потврдуваме дека тој беше исполнување на древната надеж и Божјиот Избраник кој ќе донесе спасение на сите луѓе, за сите времиња.

Господ

Ние исто така Исус го објавуваме како наш Господ, Оној на кого ја предаваме нашата верност. Зборот Господ има многу помоќно значење за луѓето во средновековното време, бидејќи тие всушност живееја под авторитетот на господари и монархии. Во денешно време можеби е тешко за некои од нас да признаеме дека Исус е Господар на нашите животи. Навикнати сме на независност и само-доволност. Се немаме потчинувано пред авторитети. Да го прогласиш Исус за Господ значи слободно да ја потчиниш својата волја под Неговата, понизно да исповедаш дека Тој е Оној кој ја има власта над овој свет.

Спасител

Можеби најдобро од сѐ е тоа што веруваме дека Исус е Спасителот, Оној преку кого Бог нѐ ослободи од нашиот грев и ни го даде дарот на целиот живот, вечниот живот и спасението. Овој дар го нарекуваме измирување, или помирување со Господ. Ние веруваме дека на начини кои не можеме целосно да ги објасниме, Бог го направи тоа преку мистеријата на Исусовата доброволна жртва на крстот и Неговата победа над гревот и смртта со Неговото воскреснување.

Skin Color
Layout Options
Layout patterns
Boxed layout images
header topbar
header color
header position