ВО ШТО ВЕРУВАМЕ / БОЖЈОТО ЦАРСТВО

Христијанската вера е, делумно, прашање на надеж. Ние веруваме и имаме доверба во Господарот на иднината и се потпираме на иднината што Бог ја вети. Бог оди пред нас, повикувајќи нè во новиот свет што веќе се создава, повикувајќи нè да се приклучиме во предизвикувачката работа за негово создавање.

Меѓутоа, кога ќе се соочиме со лична катастрофа или со секојдневните болести на општеството, можеби ќе се сопнеме. Тогаш надежта се чини дека е нереален, наивен оптимизам.

Сепак, нашата надеж не е во трендовите. Нашата надеж е во Господарот на сето создание и сета историја – Бог кој сè уште е надлежен и активно работи на трансформација на светот. Како го знаеме ова?

Мирот што доаѓа

Библијата е книга за Божјите ветувања. Може да изгледа дека зборува за минатото, но нејзиниот поглед е кон иднината. Почнувајќи од ветувањата до Авраам и Сара за нова земја, син и безброј наследници, дадени во Книгата на Битие (поглавје 17), па се до ветувањата дадени во Книгата на Откровение за „ново небо и нова земја“ (21:1), Бог им помага на библиските луѓе да живеат во визијата за крајната цел на созданието.

Стариот Завет (Еврејската Библија) го користи зборот шалом за да ја опише Божјата иднина. Често пати овој збор го преведуваме како „мир“, но тој означува многу повеќе од тоа. Шалом означува свет на изобилие, на лична и меѓучовечка хармонија и праведност, ослободување, праведни економски практики, како и подредени политички релации.

Царството што доаѓа

За Исус, шаломот Божји беше Божјото царство, надоаѓачкото владеење на Бог кое е внатре во срцата на луѓето и во сите човечки работи. Всушност тој изјави дека ова царство веќе наближи (Марко 1:15) и дека одлуката дали некој ќе биде дел од него е итна неопходност: „Но барајте го најнапред царството на Бога и Неговата правда“ (Матеј 6:33).

При воскресението на нашиот Господ, неговите вчудовидени следбеници препознаа дека Божјото владеење навлегува во нивните животи: „И така, кој е во Христос, тој е ново создание; старото помина, и ете, се создаде новото.“ (2 Контјаните 5:17). Стариот режим на непријателство, алчност, неправда и насилство веќе беше непотребен и умираше. Доаѓаше ново уредување „Ете, сѐ ново создавам.“ (Откровение 21:5). За оние кои гледаат со очите на верата, сосема е јасно дека нашата заедничка иднина на земјата е навистина ветеното владеење на Бога.

Црквата како знак на иднината

Насекаде околу нас има знаци за Царството што доаѓа – од случајни дела на љубезност од страна на поединци па сѐ до растење на глобалната фамилија во толеранција и соработка. Поконкретно, ние ја гледаме црквата како знак на Царството. Несовршена како што е, заедницата на верници сепак ја дава најдобрата претстава за Божјата визија. Ден за ден, гледаме дела на христијанска храброст, на сочувство и помирување, на интегритет во сред искушение, како и на сведоштво за вистина и правда.

Нашиот дел

Која е нашата улога – да седиме опуштено и едноставно да чекаме Божјото царство да дојде? Во никој случај! Ние треба да се молиме сериозно за царството да дојде на земјата (Матеј 6:10). Да ги пратиме внимателно сите знаци за неговото доаѓање (Матеј 25:13). Да го отстраниме од нас стариот човек и да се облечеме „во новиот човек, создаден според Бога во вистинска пра­ведност и светост“ (Ефесјаните 4:24). Како обновени луѓе, треба да учествуваме „во де­лото на служењето“ (Ефесјаните 4:12). Како велигденски луѓе кога сведочиме и служиме, учествуваме во наближувањето на Царството. Нека дојде твоето Царство.

Skin Color
Layout Options
Layout patterns
Boxed layout images
header topbar
header color
header position