Мајчин ден – ЕМЦ Струмица

На 14.05.2017 година се одржа Богослужба по повод денот на мајката - „Мајчин ден". Словото беше проповедано од Павлина Манавска и од Лила Баловски а исто така можевме да се радуваме заедно со семејството Чобанови поради крштението на нивната ќеркичка Анабела.

Богослужба со Жан Иванов – ЕМЦ Струмица

Во недела 12.02 ја имавме можноста Жан Иванов да ни послужи со словото Господово.Тој сега живее со своето семејство во Хановер, Германија каде е лаички проповедник инаку потекнува од ЕМЦ-Струмица каде многу години се залагаше за работата со млади.
Темата беше „Божјиот прекрасен пат“ со стиховите од Исаија 55:6-12. Неговата проповед се состоеше од следните тези:
-Искуството со Бог
-Барајќи го Господа
-Патот Божји/Пат на животот
-Улогата моја во Божјиот план
-Едноставноста на словото Господово
-Радоста да се биде со Бог

После Богослужбата сите беа поканети на разговор и дружење со чај и колачи.