Spielmobil ( Шпилмобил) 2018

Кога ќе се спомне зборот SPIELMOBIL (Шпилмобил) веќе на многумина им е јасно дека станува збор за дел од проектите на шаторската мисија на Евангелско методистичката црква, односно евангелското дело, кое под мотото “На сите им е потребен Христотс!” посетува повеќе европски земји и преку тоа на децата и младите низ Европа им овозможува да се радуваат користејќи ги реквезитите кои тие ги нудат, а се со цел да слушнат за Исус!

Read More

Окружна конференција Муртино

На 13 февруари 2018 со почеток во 18:00 часот беше одржана окружна конференција во ЕМЦ Муртино. Конференцијата ја водеше Суперинтендентот Вилфрид Науснер, а беа присутни околу 12 членови на одборот. Се изложија извештаи во врска со работата во изминатата година. Свои извештаи дадоа: локалниот проповедник Славчо Азманов, проповедник во образование и одговорен за млади и тинејџери Димитар Јаневски, водителката на жени Јана Паланкова, одговорна за работата со деца Зорица Алачева и благајникот Борче Василев.

На оваа конференција беше известено дека од 15 март 2018 година Димитар Јаневски ја прекинува неговата служба во Евангелско- методистичка црква како проповедник во образование и со тоа и неговите понатамошни студии.

Одборот разговараше и за идните активности во црквата.

 

-Даниела Стоилкова

Семинар за теолошко образование

На 10.02 2018 во ЕМЦ Муртино беше одржан еднодневен семинар за теолошко образование на лаички проповедници и соработници. Темата на семинарот беше: „Учењето на Евангелско-методистичката црква“.
Предавач: Суперинтендент Вилфрид Наузнер
На овој настан присуствуваа околу 20 учесници од сите заедници во Македонија.

-Даниела Стоилкова

1 мај-собир

По повод првомајскиот празник беа одржани два собира. Едниот собир беше за млади до 27 години во ЕМЦ Муртино, а другиот за сите возрасни почнувајќи од 28 години, како и за фамилии и пензионери, во ЕМЦ Моноспитово. Овие дружења беа организирани како дводневен собир и имаа своја програма. Подолу можете да видите дел од атмосферата и активностите, а повеќе околу доживувањето ќе можете да прочитате во следниот број на списанието „Пат на животот“.

Годишна конференција 2017- ЕМЦ Муртино

Од 6 до 9 април, 2017 година, во ЕМЦ Муртино се одржа и 83-та Годишна конференција на која беа присутни околу 50 делегати од Р. Србија и Р.Македонија, како и епископот Патрик Штрајф, суперинтендентите Вилфрид Науснер и Ана Палиќ-Кунчак, делегатите: пастор Алфред Шварцвелдер од Јужно-германската конференција и лаички проповедник Штефан Илг од конференцијата Швајцарија/Франција/северна Африка како и гости од Албанија. Темата за овогодинешната конференција беше: „Вака Бели Господ: Ќе ви дадам ново срце, и нов дух ќе ви дадам.“ – Езекиел 36:26 на која што проповедаа суп. Вилфрид Науснер, пас. Даниел Сјанта и епископ Патрик Штрајф. Водство во утрински размислувања дадоа Дејан Василев и делегатот Алфред Шварцвелдер. Останатото време поминуваше во разгледување на работата во двата дистрикта преку извештаи, кратки дискусии и дополнувања, како и заеднички дружења за време на паузите.

83-та Годишна конференција

Последен пат пред 22 години, 5-9 април, 1995 година, во Муртино беше одржана Годишна конференција на Евангелско- методистичката црква. Оваа година заедницата повторно ја има таа чест да биде домаќин на 83-тата Годишна Конференција која ќе се одржи од 6 до 9 април. Темата водилка на овогодинешната Годишна Конференција е: „Ќе ви дадам ново срце и нов дух ќе ви дадам“Езекиел 36:26

 

Овде можете да ја видите програмата:
Програма

 

Свечена богослужба во ЕМЦ Муртино

На 23 октомври во ЕМЦ Муртино беше одржана свечена богослужба по повод поставувањето на Димитар Јаневски за понатамошна служба. Богослужбата ја водеа локалниот проповедник Славчо Азманов и суперинтендентот Вилфрид Науснер, како и надзорниот проповедник Марјан Димов. После богатата програма следеше и добредојде кое заедницата го подготви за новиот член.

p1070657