Евангелизација ЕМЦ- Битола

Оваа година е јубилејна за нашата црква во Битола, бидејќи 1886 е изградена првата Евангелска црква во Битола каде што најмалку еднаш во годината се проповедало и поучувало за воскресението на нашиот Господ и Спасител Исус Христос.
Оваа година во сабота, недела и понеделник имавме три свечени Богослужби на кои учествуваа покрај домаќините во саботата, во неделата сестра Нада Шаманова, братот Никола Јованоски и младите од ЕМЦ-Прилеп. Потоа во понеделникот братот Лазе Танчев, братот Дејан Василев и дел од хорот во ЕМЦ-Скопје. Делевме трактати и пеевме песни со гитара на широк сокак во центарот на Битола.
Имавме прилика после Богослужбите да сретнеме и запознаеме неколку нови лица, иако беше доста дождливо за време на некои од Богослужбите. Темата на овие Богослужби беше: Блажени се тие кои не виделе а поверувале дека Исус воскресна од мртвите. Блазеси им на тие кои не го бараат живиот меѓу мртвите и за кои Господ е Исус и денес сеуште.
Благодарност на Бога за сите кои се молеа и кои на различни начини помогнаа да се реализираат овие Богослужби за слава на Бога но и за други да бидат придобиени за славата Божја. Господ Исус е ист вчера денес и засекогаш.
Мирче и Мери Танчеви

Годишна конференција 2016- Падина,Србија

Од 7 до 10 април во Падина, Србија се одржа и 82 Провизорна годишна конференција на која беа присутни епископот Патрик Штрајф, суперинтендентите Вилфрид Науснер и Ана Палиќ-Кунчак, делегати од Македонија и Србија, како и делегат од јужногерманската конференција Уве Засовски и двајца делегати од Албанија, Ригелс Касмолари и Мустафа Исуфи. Присутни беа и гости од Америка кои се во посета на Падина, а еден од нив Курт Мек Кии зеде и учество во програмата со проповед.

Семинар за млади

Еднодневен семинар за млади беше одржан во сабота 25. март во ЕМЦ-Радовиш. Темата на семинарот: „Мислете на небесното, а не на земното“ ја водеше Марјан Димов. На семинарот присуствуваа околу 20 млади од цела Македонија.

СМД- ЕМЦ Струмица

На Светскиот молитвен ден на жените во Струмица, на програмата која беше припремена од жените од христијанските цркви, присуствуваа повеќе од 100 жени.

 

Окружна конференција- округ Муртино

Вчера 01.03. беше одржана окружната конференција во Муртино. Се разговараше, дебатираше за случувањата од минатата година и нови планови за оваа година. Се избраа претставници за младинската и женската група група, како и функциите одбор и благајник, кои беа потврдени за нови 4 години. Одговорноста за детската група допрва ќе биде одлучена.

Евангелизација и концерт-ЕМЦ Струмица 19,20 и 21. 02

„Кој го има Синот, го има животот“-  1 Јован 5:12а

Три прекрасни, благословен дена поминати заедно со браќата и сестрите од ЕМЦ Јабука, Србија, кои послужија со нивните дарови за слава Божја и радост на сите присутни.

Окружна конференција- Округ Моноспитово

 Синоќа беше одржана окружна конференција во Моноспитово, на која членовите на одборот заедно со суперинтендентот Вилфрид Науснер ја разгледаа целокупната работа на заедницата во Моноспитово во 2015 година, како и плановите за во иднина т.е. планирани активности во 2016година.
1 4 5 6