Венчавка на Дејан и Ревека

На 24.06.2017 нашиот млад проповедник во образование Дејан Василев и неговата избраничка Ревека Митева кажаа ДА и пред Бог ги дадоа своите завети за нивната љубов и грижа се додека смртта не ги раздели. Венчавката се одржа во ЕМЦ Моноспитово под отворено небо. На овој посебен момент беа присутни повеќе од 100 гости и луѓе од заедницата и селото. После медениот месец тие својот живот и служба ќе ги продолжат во Скопје. Им посакуваме Божјо водство и исполнет заеднички живот.

Шпилмобил 2017

Оваа година Шпилмобил траеше од 10 до 17 јуни и гостуваше во заедниците во Моноспитово и Скопје. И оваа година искуството беше прекрасно. Да се биде таму, да се игра, да се пее и да се доживее едно радосно заедништво со сите деца, па и возрасни. Во Скопје, Шпилмобил два дена беше поставен и во градскиот парк каде многу луѓе ја имаа можноста за прв пат да се сретнат и запознаат со Евангелско-методистичка црква. 

Еднодневна прошетка за деца.

Комисијата за работа со деца организираше еднодневна прошетка за сите деца во Скопје на 4 јуни 2017. Прошетката започна со посета на утринската богослужба во Скопје и потоа по забавниот дел со игри и ручекот децата имаа можност да ја посетат Зоолошката градина. Прошетката заврши со кратка пауза во Веро шопинг центар и тргнување кон дома во попладневните часови. На овој настан присуствуваа околу 30 деца.

Мајчин ден – ЕМЦ Моноспитово

Во ЕМЦ Моноспитово беше одржана богослужба по повод „Мајчин ден“. Целосната програма беше организирана од жените. Проповедаше Верица Димова на тема „Влијателни мајки“.

Мајчин ден – ЕМЦ Струмица

На 14.05.2017 година се одржа Богослужба по повод денот на мајката - „Мајчин ден". Словото беше проповедано од Павлина Манавска и од Лила Баловски а исто така можевме да се радуваме заедно со семејството Чобанови поради крштението на нивната ќеркичка Анабела.

1 мај-собир

По повод првомајскиот празник беа одржани два собира. Едниот собир беше за млади до 27 години во ЕМЦ Муртино, а другиот за сите возрасни почнувајќи од 28 години, како и за фамилии и пензионери, во ЕМЦ Моноспитово. Овие дружења беа организирани како дводневен собир и имаа своја програма. Подолу можете да видите дел од атмосферата и активностите, а повеќе околу доживувањето ќе можете да прочитате во следниот број на списанието „Пат на животот“.

Годишна конференција 2017- ЕМЦ Муртино

Од 6 до 9 април, 2017 година, во ЕМЦ Муртино се одржа и 83-та Годишна конференција на која беа присутни околу 50 делегати од Р. Србија и Р.Македонија, како и епископот Патрик Штрајф, суперинтендентите Вилфрид Науснер и Ана Палиќ-Кунчак, делегатите: пастор Алфред Шварцвелдер од Јужно-германската конференција и лаички проповедник Штефан Илг од конференцијата Швајцарија/Франција/северна Африка како и гости од Албанија. Темата за овогодинешната конференција беше: „Вака Бели Господ: Ќе ви дадам ново срце, и нов дух ќе ви дадам.“ – Езекиел 36:26 на која што проповедаа суп. Вилфрид Науснер, пас. Даниел Сјанта и епископ Патрик Штрајф. Водство во утрински размислувања дадоа Дејан Василев и делегатот Алфред Шварцвелдер. Останатото време поминуваше во разгледување на работата во двата дистрикта преку извештаи, кратки дискусии и дополнувања, како и заеднички дружења за време на паузите.

Окружна конференција – Моноспитово

На 2 март 2017 година беше одржана уште една окружна конференција во Моноспитово. Се разгледаа записниците од сите одговорни лица. Се потврдија некои одлуки и беше избран одбор кој ќе работи и одлучува за понатамошните активности во заедницата. Состанокот го водеше суперинтендентот Вилфрид Науснер, а беа присутни сите членови на одборот.

1 2 3 4 5 6