Одмор за проповедници 2018

Во Лука 9:10 се вели дека Исус ги зеде своите ученици и отидоа да бидат насамо на едно пусто место до градот Витсаида. После напорната работа на учениците добро им беше да се оделат насамо со Исус Христос.
Така и ние од 11 до 13 октомври се собравме сите проповедници од цела Македонија заедно со суперинтедентот и нашите смејства во Дојран.

Read More

Spielmobil ( Шпилмобил) 2018

Кога ќе се спомне зборот SPIELMOBIL (Шпилмобил) веќе на многумина им е јасно дека станува збор за дел од проектите на шаторската мисија на Евангелско методистичката црква, односно евангелското дело, кое под мотото “На сите им е потребен Христотс!” посетува повеќе европски земји и преку тоа на децата и младите низ Европа им овозможува да се радуваат користејќи ги реквезитите кои тие ги нудат, а се со цел да слушнат за Исус!

Read More

Комеморативна богослужба во сеќавање на Вилхелм и Хелене Науснер

На 1 јули 2018 год. беше одржана комеморативна богослужба во сеќавање на  Вилхелм Науснер и неговата сопруга Хеле Науснер која беше негова поддршка и соработничка за време на неговата служба како Суперинтендент за Македонија од периодот 1996 до 2008 година.

Read More

Staunen 2018

Европски Методистички фестивал – STAUNEN 2018

Европскиот Методистички фестивал Staunen, што во превод значи „да бидеш воодушевен“ (од Бог), се оддржа од 9-13 мај во градот Cuxhaven, Dünenhof - северна Германија. Темата гласеше: „Си ги поставил нозете мои на широко место“. На настанот имаше околу 850 луѓе присутни од Европа па и пошироко. Од Македонија бевме присутни 17 млади и возрасни млади. Програмата за сите денови беше пополнета со разни активности што овозможуваше да се запознаеме со браќа и сестри од разни места.

Read More

84 Провизорна годишна конференција за Р.Македонија и Р. Србија, Кисач, 12-15 април 2018

Како и секоја година и ова 2018 година беше одржана Годишната конференција за Р. Србија и Р. Македонија овој пат во Кисач, Србија. На конференцијата беа присутни околу 50 делегати од двете земји како и делегат од Јужно-германската конференција, делегат од Албанија, делгат од САД и суперинтендентите Вилфрид Науснер и Ана Палиќ-Кунчак, а самата конференцијата ја водеше Епископот на Централната конференција Патрик Штрајф.

Read More

Велигден 2018 год. во ЕМЦ Скопје

ЕМЦ Скопје Велигден 2018
И оваа година во ЕМЦ Скопје, имавме прекрасно време сеќавајќи се и прославувајќи го Христовото воскресение. Имавме исполнет викенд со прекрасни активности и заедништво за слава на Бог.
 

Read More

Заеднички младински час – ЕМЦ Колешино

На 25. 03. 2018  младите од Евангелска црква и младите од Евангелско-методистичка црква повторно го имаа својот заеднички час во ЕМЦ Колешино. Темата на часот водена од Самуел Цеков беше „Која е цената на следењето на Исус“. Поделени во три групи се дискутираше на повеќе сегменти од евангелијата и на крај сите групи ги споделија своите заклучоци базирани на предходно определените прашања.
Оваа 'традиција' на заеднички часови трае веќе неколку години, т.е. се одржуваат еднаш месечно со исклучок на летниот период.
Наредниот час од ваков карактер е закажан на 22.04.2018 во ЕМЦ Моноспитово.

Музичка вечер во ЕМЦ Колешино

Недела, 25 март во ЕМЦ Колешино беше организирана музичка вечер на која сите заинтересирани можеа да присуствуваат и да учествуваат. Целта на ваквите настани е луѓето да се запознаваат со поголем број песни и да се увежбуваат песните со нови и корегирани текстови. До сега вакви организирани музички вечери имаше во повеќе заедници.

Состанок на Извршниот одбор на Централната конференција

Состанок на Извршниот одбор на Централната конференција

Слушање - учење - растење заедно

Од 8 до 11 март 2018 година, Извршниот комитет на Централната конференција на Централна и Јужна Европа се сретна во Будимпешта (Унгарија). Работата на темата "Комуникација и Teambuilding" беше важен дел од програмата - но имаше и дискусии на повеќе теми.

Read More

1 2 3 6