Женски одмор, Струга, 2016

И оваа година жените од ЕМЦ од цела Македонија ја имаа можноста да уживаат 4 дневнен одмор кој се одржа од 26 до 29 септември во хотел „Бисер“ – Струга. Покрај многуте активности и разговори кои жените ги имаа меѓусебно, тие имаа можност да слушнат и неколку предавања на темата, која беше водилка на овој краток одмор, „Поканети на Божјата трпеза“. Организацијата секако беше предводена од координаторката на жени за Јужна Европа Барбара и координаторката на жени во Македонија Кристина Цеков, но учество во целата таа активност зедоа и други жени: Јулијана Милеска, Павлина Манавска, Лила Баловска, Керол Партриџ, Софија Трајковска и браќта од Србија кои се погрижија за музиката, како и Матијас, сопругот на Барбара кој не водеше низ неколку теми,а и други сестри кои помогнаа за успешна реализација на програмата. На овој одмор беа присутни 50 сестри од цела Македонија. Убаво е да се спомне и екскурзијата која жените ја имаа во среда, 28 септември до Поградец, Албанија. Заедничкото време поминато со заедницата таму беше вистински благослов за сите. Жените имаа можност поблиску да се запознаат со работата на ЕМЦ во Албанија, како и да посетат некои значајни места т.е. местото каде што жените од ЕМЦ Поградец го реализираат проектот „шиење ташни“ и центарот за социјална служба, место каде се собираат лица со инвалидитет, лоцирано во центарот на градот.

Во кратки црти: време благословено, време пријатно и сончево, многу жени, многу разговори, многу радости, песни и задоволства. Му благодариме на Бог за Неговата неизмерна љубов и милост која ја искажува и кон нас жените преку своите служители.

 

 

Работилница за слобода на религиите

Септември, 19-21, Холидеј ин, Скопје, беше одржана работилница за слобода на религиите и религиозен дијалог на инцијатива на американската амбасада во Македонија. Како претставник од Евангелско-методистичка црква на овој настан присуствуваше Даниела Стоилкова. Настанот беше организира, заеднички, од страна на одделот на САД за правда и одделот за внатрешна безбедност во соработка со одделот на државното бирото за демократија, човекови права и труд.

Работилницата се базираше на резолуција на Советот од 2011 на Обединетите нации за човекови права16/18 на “борба против нетолеранцијата, негативните стереотипи и стигматизација и дискриминација, повикување на насилство и насилството врз лицата врз основа на религија и верување”, а се истражуваа и начини за спроведување на таа резолуција, како и спречување на верска дискриминација и гонење на насилни кривични дела врз основа на религија. компоненти од програмата вклучуваа законски реформи, најдобри практики, метрика, и дискриминација во вработувањето, образованието и други области.

Религија, етницитет и националност- регионална летна школа

Од 12 до 16 септември во хотел „Дрим“- Струга се одржа регионална летна школа на тема: „Религија, етницитет и национализам“ од страна на фондацијата Конрад Аденауер, институтот Вилфрид Мартенс и универзитетот Евро-Балкан од Скопје. На оваа школа присуствуваа учесници од регионот на Балканот, а исто така беа поканети и претставници од Евангелско-методистичка црква во Македонија. Како учесници на оваа школа од ЕМЦ Македонија беа: Даниела Стоилкова, Дебора Јовановска и Марија Танчева. Како дел од програмата на школата беше и излагањето на Мирче Танчев за историјата и основното учење на Евангелско-методистичка црква.

Детски состанок за децата од Моноспитово и Муртино

Првиот викенд од новата учебна година (05-06.09.2016) во црквата во Моноспитово беше организиран еден краток детски состанок. околу 50 деца од двете села присуствуваа на овој краток детски состанок, кој имаше за цел да ја одбележи новата учебна година и заеднички да побараат благослов и водство од Бог во неа. Темата на состанокот беше „Чекор по чекор следи го Исус“ и учество во неа имаа младите од двете заедници, како и млади од Струмица и Радовиш кои помогнаа во славењето. Во недела децата присуствуваа на утринската богослужба и дадоа свој придонес во богослужението.

p1070278

Заврши праксата на Димитар Јаневски во ЕМЦ Моноспитово

На 28.08.2016 година одборот на ЕМЦ Моноспитово се состана на инцијатива на суперинтендентот Вилфрид Науснер за да ја дискутира едногодишната пракса на Димитар Јаневски и препораката за неговото понатамошно служење. Членовите на одборот изразија позитивни критики кон едногодишното служење на Димитар во ЕМЦ Моноспитово. Со тоа ја одобрија и неговота понатамошна служба. Димитар својата служба ќе ја продолжи во ЕМЦ Муртино на 23.10.2016 кога и официјално ќе биде претставен на заедницата од старна на суперинтендентот.

img_1011

Младински состанок ЕМЦ-Муртино

Бог ни даде можност, во нашата заедница во Муртино да имаме младински собир на кој младите заедно го славеа Бога и се поткрепија со духовно слово. Темата на овој состанок беше „Испитување и искушенија“ со стихот од Јаков 1:2 „Радувајте се, браќа мои, кога ќе паднете во разни искушенија“. Навистина Бог го водеше ова заедништво и го благослови овој младински состанок. Сѐ е за Негова слава.

Почина епископот Франц В. Шефер

Четврток, 14 јули 2016, пензионираниот епископ Франц В. Шефер (Franz W. Schäfer) беше повикан од Бог. 

Јавна благодарствена служба во чест на починатиот епископ ќе се одржи во понеделник, 8 август 2016 во 14:00 часот во црквата Фрауминстер (Fraumünster) во Цирих.

Во прилог можете да го најдете извештајот од епископот Патрик Штрајф на англиски јазик.

Bishop Franz W. Schäfer

Четврток, 14 јули 2016, пензионираниот епископ Франц В. Шефер (Franz W. Schäfer) беше повикан од Бог. 

Јавна благодарствена служба во чест на починатиот епископ ќе се одржи во понеделник, 8 август 2016 во 14:00 часот во црквата Фрауминстер (Fraumünster) во Цирих.

Во прилог можете да го најдете извештајот од епископот Патрик Штрајф на англиски јазик.

Bishop Franz W. Schäfer

Spielmobil, ЕМЦ-Колешино 28.6-3.7. 2016

Прекрасно и незаборавно време заедно со дечињата на детскиот камп Spielmobil (Шпилмобил) кој се одржа во ЕМЦ Колешино од 28 Јуни до 03 Јули. Благодарност на Бог за неговиот благослов да се собереме во голем број деца и млади од Евангелско-методистичките цркви во Македонија.

Spielmobil

13445494_1161627307211974_5591009416128267772_nSpielmobil (Шпилмобил) ќе се одржи во ЕМЦ- Колешино од 28.06. 2016 до 03.07.2016.
Овој детски камп е од отворен карактер за деца до 15 години и секој кој сака може да дојде и да биде во заедништво со децата и младите од ЕМЦ Македонија.

Темата на овој детски камп е: „Господ е мојата тврдина, моја крепост и мој спасител“ 2 Сам. 22:2.
Нека Бог го води овој детски камп и биде за благослов на сите.

KРМ – Team building

Комисијата за работа со млади (КРМ) која е одговорна за работата со млади во ЕМЦ Македонија, организира обука на тема: „Управување со волонтери“. Покрај едукативниот дел од програмата, младите времето го исполнија со песни за славење на Бога, дружење и кратка прошетка.

1 5 6 7 8 9