• Одмор за проповедници 2018

    Во Лука 9:10 се вели дека Исус ги зеде своите ученици и отидоа да бидат насамо на едно пусто место до градот Витсаида. После напорната работа на учениците добро им […]

    Read more »
  • Spielmobil ( Шпилмобил) 2018

    Кога ќе се спомне зборот SPIELMOBIL (Шпилмобил) веќе на многумина им е јасно дека станува збор за дел од проектите на шаторската мисија на Евангелско методистичката црква, односно евангелското дело, […]

    Read more »
  • Комеморативна богослужба во сеќавање на Вилхелм и Хелене Науснер

    На 1 јули 2018 год. беше одржана комеморативна богослужба во сеќавање на  Вилхелм Науснер и неговата сопруга Хеле Науснер која беше негова поддршка и соработничка за време на неговата служба […]

    Read more »
  • Staunen 2018

    Европскиот Методистички фестивал Staunen, што во превод значи „да бидеш воодушевен“ (од Бог), се оддржа од 9-13 мај во градот Cuxhaven, Dünenhof – северна Германија. Темата гласеше: „Си ги поставил […]

    Read more »
  • 84 Провизорна годишна конференција за Р.Македонија и Р. Србија, Кисач, 12-15 април 2018

    Како и секоја година и ова 2018 година беше одржана Годишната конференција за Р. Србија и Р. Македонија овој пат во Кисач, Србија. На конференцијата беа присутни околу 50 делегати […]

    Read more »
  • ЕМЦ Скопје Велигден 2018

    Велигден 2018 год. во ЕМЦ Скопје

    И оваа година во ЕМЦ Скопје, имавме прекрасно време сеќавајќи се и прославувајќи го Христовото воскресение. Имавме исполнет викенд со прекрасни активности и заедништво за слава на Бог.   Вечерта […]

    Read more »
  • Заеднички младински час – ЕМЦ Колешино

    На 25. 03. 2018  младите од Евангелска црква и младите од Евангелско-методистичка црква повторно го имаа својот заеднички час во ЕМЦ Колешино. Темата на часот водена од Самуел Цеков беше […]

    Read more »
  • Музичка вечер во ЕМЦ Колешино

    Недела, 25 март во ЕМЦ Колешино беше организирана музичка вечер на која сите заинтересирани можеа да присуствуваат и да учествуваат. Целта на ваквите настани е луѓето да се запознаваат со […]

    Read more »
  • Дистриктна конференција 2018

    На 24 март во просториите на Мис Стон Центарот беше одржана овогодинашната Дистриктна конференција. Конференцијата ја водеше Суперинтендент Вилфрид Науснер, а свои извештаи дадоа Претседателот на Црковното претставништво Емил Заев, […]

    Read more »
  • Состанок на Извршниот одбор на Централната конференција

    Слушање – учење – растење заедно Од 8 до 11 март 2018 година, Извршниот комитет на Централната конференција на Централна и Јужна Европа се сретна во Будимпешта (Унгарија). Работата на […]

    Read more »

1 мај-собир

По повод првомајскиот празник беа одржани два собира. Едниот собир беше за млади до 27 години во ЕМЦ Муртино, а другиот за сите возрасни почнувајќи од 28 години, како и за фамилии и пензионери, во ЕМЦ Моноспитово. Овие дружења беа организирани како дводневен собир и имаа своја програма. Подолу можете да видите дел од атмосферата и активностите, а повеќе околу доживувањето ќе можете да прочитате во следниот број на списанието „Пат на животот“.

Лаички семинар 2017 – Талин, Естонија

Од 5 до 10 август, оваа година, ќе биде одржан и 15 по ред европски семинар за лаици во Талин, Естонија. Темата на овој семинар е: „Не е лесно да се биде отворен за животот и Бог.“ На темата ќе зборуваат: Д-р Мели Танклер (Естонија), Д-р Улас Танклер (Естонија), Вигдис Мерере-Роних (Норвешка), Бетина Велер (Швајцарија) и Вилфрид Рукер (Германија). Семинарот ќе се одвива на три јазици: германски, англиски и руски.

Детална програма и информации за пријавување можете да најдете тука.

 

Годишна конференција 2017- ЕМЦ Муртино

Од 6 до 9 април, 2017 година, во ЕМЦ Муртино се одржа и 83-та Годишна конференција на која беа присутни околу 50 делегати од Р. Србија и Р.Македонија, како и епископот Патрик Штрајф, суперинтендентите Вилфрид Науснер и Ана Палиќ-Кунчак, делегатите: пастор Алфред Шварцвелдер од Јужно-германската конференција и лаички проповедник Штефан Илг од конференцијата Швајцарија/Франција/северна Африка како и гости од Албанија. Темата за овогодинешната конференција беше: „Вака Бели Господ: Ќе ви дадам ново срце, и нов дух ќе ви дадам.“ – Езекиел 36:26 на која што проповедаа суп. Вилфрид Науснер, пас. Даниел Сјанта и епископ Патрик Штрајф. Водство во утрински размислувања дадоа Дејан Василев и делегатот Алфред Шварцвелдер. Останатото време поминуваше во разгледување на работата во двата дистрикта преку извештаи, кратки дискусии и дополнувања, како и заеднички дружења за време на паузите.

83-та Годишна конференција

Последен пат пред 22 години, 5-9 април, 1995 година, во Муртино беше одржана Годишна конференција на Евангелско- методистичката црква. Оваа година заедницата повторно ја има таа чест да биде домаќин на 83-тата Годишна Конференција која ќе се одржи од 6 до 9 април. Темата водилка на овогодинешната Годишна Конференција е: „Ќе ви дадам ново срце и нов дух ќе ви дадам“Езекиел 36:26

 

Овде можете да ја видите програмата:
Програма

 

Окружна конференција – Моноспитово

На 2 март 2017 година беше одржана уште една окружна конференција во Моноспитово. Се разгледаа записниците од сите одговорни лица. Се потврдија некои одлуки и беше избран одбор кој ќе работи и одлучува за понатамошните активности во заедницата. Состанокот го водеше суперинтендентот Вилфрид Науснер, а беа присутни сите членови на одборот.

Светски Молитвен Ден на жените

 

Жените од Македонија се поканети да земат учество и во овој Светски молитвен ден кој е посветен на жените од Филипините на тема: „Неправеден ли сум кон вас?“.
Дојдете заедно да се молиме и да разбереме со кои предизвици се соочуваат жените од оваа мала земја.
3ти март, 2017.
Во просториите на Евангелско-методистичка црква во Македонија.

1 3 4 5 6 7 9