Драги браќа и сестри, драги пријатели,
Бидејќи се ближи почетокот на водење попис на населението, покренат од страна на државата, би сакал да ве известам како би требало да се запише секој кој се смета како дел од Евангелско-методистичката црква во Македонија.
Иако нашата црква е впишана во Уставот на Р. Македонија, сепак нашето официјално име на црквата во формуларите за попис не е правилно напишано.
На прашањето за религиска припадност (вероисповест), во формуларот има дадено неколку опции за избирање со можност за дополнување. Доколку се сметаш за дел од Евангелско-методистичката црква, тогаш не одбирај од понудените опции, туку побарај да бидеш заведен како ПРИПАДНИК НА ЕВАНГЕЛСКО-МЕТОДИСТИЧКАТА ЦРКВА.
На овој начин овозможуваме јасна претстава за нашата припадност кон институција.
Со почит и Божји благослов.
Суперинтендент,
Марјан Димов