НОВОСТИ

Дочек на Новата 2022 година

Драги браќа и сестри,

Во Името на Исус Христос, бевме собрани млади и возрасни млади во ЕМЦ Струмица да ја дочекаме заедно Новата година. Благослов е што можевме да се собереме одповеќе заедници, и за дочекот на Новата година да му дадеме Слава и благодарност на Бог. Имавме благословено време заедно во разговори, дружење, славење, игри, креативна рачна работа и секако вкусна храна.

Темата за охрабрување за Новата година гласеше Обнова на умот од Римјаните 12:2 „Не сообразувајте се со овој век, туку преобразете се со возобновување на ва­шиот ум за да можете да испитувате и осознавате што е волјата Божја: што е добро, благоугодно и совршено.’’ Пастор Дејан Василев нѐ водеше и поттикна нас младите да сакаме да го обновиме нашиот ум и да се преобразиме со возобновување на нашиот ум. За таа цел сакаме и со вас да ги споделиме пораките, да ве охрабриме и поттикнеме да ја направите потребната промена и кај вас.

  • Кој е најголемиот непријател на возобнувувањето на умот? — Тоа е сообразувањето со овој свет.
  • Не дозволувајте на светот околу вас да ви го оформува сопственото лице, допуштете Бог да го направи тоа.
  • Да се преиспитаме дали има разлика меѓу нас и луѓето од овој свет.
  • Ако постојано се ставаме под Божјото влијание ние ќе се разликуваме од овој свет.
  • Пречка на возобновувањето на умот е отсуството на желба, копнеж длабоко во нас како и рамнодушноста, традиционалноста, задоволувањето себеси со легализам.
  • Применување и следење на правила и закони кои веруваме дека ќе ни помогнат, а со тоа умот ни се задоволува, и сметаме дека тоа што го правиме е доволно и не треба да се менуваме или преобразуваме — со други зборови ние веќе сме се преобразиле според ликот на овој свет.
  • Ние носиме одговорност пред Бог и пред себеси како христијани да внимаваме да не се преобразуваме со овој свет.
  • Преобразувањето со возобновувањето на нашиот ум го прави Светиот Дух во нас.
  • Тоа означува промена на сѐ во тебе, на карактер, волја, цел во животот.
  • Зборчето „преобразете се“ кое се спомнува во текстот е истото зборче кое го објаснува преобразувањето на Исус во Евангелијата.  Затоа Павле повторно го употребува во 2Коринт 3:18 каде христијанинот се преобразува во Христовиот лик од слава во слава – тоа преобразување се случува токму преку обновување на умот.
  • Дозволување на Духот да го менува нашиот начин на мислење преку словото.
  • Затоа Исус се моли: освети ги преку вистината – Твоето Слово е вистината.
  • Како прво: со возобновен ум ќе можеме на вистински начин да испитуваме и да осознаваме што е Божјата волја за нас.
  • Ќе знаеме што е во Неговите очи добро, благоугодно и совршено.
  • Не е добро кога луѓето без Духот да им го возобнови умот кажуваат што е Божјата волја. Тоа Павле го кажува затоа што во тогашно време се појавиле луѓе кои на лукав начин ги поучувале луѓето да имат за себе повисоко мислење од тоа што треба да го имат. Тој им вели: “Зашто, заради благодатта што ми е мене дадена, на секого од вас му кажувам да нема за себе повисоко мислење отколку што треба да има; туку нека има за себе поскромно мислење за да расудува според мерката на верата што Бог на секого му ја одмерил.” Римјаните 12:3
  • Со возобнувувањето на умот човекот ќе си ја знае мерката на верата што Бог на секому му ја одредил.
  • Кон возобновениот ум припаѓа и тоа за себеси да имаш поскромно мислење за да може да расудуваме според мерката на верата.

 

На сите вас ви посакуваме благословена Нова година исполнета со многу радост, добро здравје и мир Божји. Љубовта нека изобилува кај секој еден од нас и постојано да ја споделуваме кон секое Божјо создание.

„Слава на Бога во висините, а на земјата мир, меѓу луѓето добра волја!“  Лука 2:14

Со љубов,
Симона Танчева

Skin Color
Layout Options
Layout patterns
Boxed layout images
header topbar
header color
header position