НОВОСТИ

84 Провизорна годишна конференција за Р.Македонија и Р. Србија, Кисач, 12-15 април 2018

Како и секоја година и ова 2018 година беше одржана Годишната конференција за Р. Србија и Р. Македонија овој пат во Кисач, Србија. На конференцијата беа присутни околу 50 делегати од двете земји како и делегат од Јужно-германската конференција, делегат од Албанија, делгат од САД и суперинтендентите Вилфрид Науснер и Ана Палиќ-Кунчак, а самата конференцијата ја водеше Епископот на Централната конференција Патрик Штрајф.


Конференцијата беше отворена со свечена богослужба водена од суп. Ана Палиќ, а проповедаше суп. Вилфрид Науснер на темата која беше и тема за оваа Годишна конференција „Сѐ има свое време“, давајќи еден сликовит и јасен увид за двата видови на време кои човекот може да ги разликува. Хронос – времето кое поминува и кое човекот се труди да го пополни за врме на својот живот и Каирос- време кое е исполнето, време кое е доживеано, искусено и сакано.
Наредните два дена поминаа во изнесување извештаи на одговорните лица за службата која им е доверена во своите земји, па така свои извештаи дадоа суперинтендентите за општата работа и состојба на црквата, потоа следуваа и подетални извештаи за работата со жени, млади, деца, финансиските извештаи, извештај за литература, извештај за програмата “In Mission Together” (Во мисија заедно). Освен извештаите имаше и доволно време за дискусии каде што се споделуваа мислења во врска со теми за кои црквата има тешкотии или смета дека се важни. Седниците траеа до попладневните часови, а секоја вечер имаше свечени богослужби на кои присуствуваа сите браќа и сестри од Кисач и околината. Така во петок со своја проповед послужи делегатот од Јужно-грманската конференција Маркус Гумпфер на текст од Ефесјаните 5, 16 на тема „Искористете го времето зашто дните се лукави“, а богослужбата беше водена од пастор Марија Џуровка-Петраш. Саботната богослужба беше посветена на темата „120 години живот и работа на ЕМЦ во Војводина“ на која свое излагање имаше поранешниот суперинтендент за Србија, веќе и во пензија Мартин Хован, а целата богослужба ја водеше Даниел Сјанта.
Недела беше значаен ден за црквата во Војводина. На утринската богослужба пристигнаа браќа и сестри од сите заедници во Војводина кои дојдоа да присуствуваат на свечените богослужби по повод ординирањето на новиот Суперинтендент. Така со свечена богослужба на која проповедаше епископот Патрик Штрајф, сите заеднички и искажаа благодарност на досегашниот Суперинтендент Ана Палиќ-Кунчак за нејзината служба која ја вршеше повеќе од 20 години. Потоа сите присутни останаа на ручек кој беше подготвен од вредните раце на жените во Кисач. По ручекот беше одржана уште една свечена богослужба со ординирањето на новиот Суперинтендент Даниел Сјанта. Ова беше една посебна богослужба на која учество зедоа повеќе проповедници, а и самиот Даниел имаше свое обраќање.
Сите овие богослужби беа збогатени во програмата со прекрасните хорови на младите во Србија, хорот од Кисач и хорот од Падина, како и музички изведби од заедницата од Јабука и некогашниот младински хор составен од делегатите од Македонија и Србија.

Не може а да не се спомене топлото гостопримство на сестрите од Кисач кои целото свое време го посветија грижејќи се сите делегати и другите присутни да бидат добро најадени со превкусно зготвената храна и колачи.

Покрај пријатното пролетно време, навистина човек можеше да го искуси Божјото присуство кое со голем интензитет беше присутно помеѓу собраните во Неговото име.
Сѐ има свое време,вели проповедникот, време на почеток и време за крај, па така уште една благословена и пријатна годишна конференција остана зад нас.
Време исполнето, а не време пополнето, тоа е искуството кое го носиме со нас врајќајки се назад во Македонија.

[siteorigin_widget class=”SiteOrigin_Widget_Image_Widget”][/siteorigin_widget]
Skin Color
Layout Options
Layout patterns
Boxed layout images
header topbar
header color
header position