Staunen 2018

Европски Методистички фестивал – STAUNEN 2018

Европскиот Методистички фестивал Staunen, што во превод значи „да бидеш воодушевен“ (од Бог), се оддржа од 9-13 мај во градот Cuxhaven, Dünenhof - северна Германија. Темата гласеше: „Си ги поставил нозете мои на широко место“. На настанот имаше околу 850 луѓе присутни од Европа па и пошироко. Од Македонија бевме присутни 17 млади и возрасни млади. Програмата за сите денови беше пополнета со разни активности што овозможуваше да се запознаеме со браќа и сестри од разни места.

Read More