Вечери на евангелизација и славење – ЕМЦ Моноспитово

Петок, сабота и недела (24,25 и 26 ноември) денови на евангелизација и славење во ЕМЦ Моноспитово. На темата “Бог не те заборавил“ проповедаше Лила Баловски, ЕМЦ Јабука.  На тие евангелизациони вечери беа пристуни луѓе од различни места и заеднички имавме едно благословено охрабрувачко време . Завршувањето на евангелизацијата беше со концерт на музичката група од Јабука, освежување за душата и радост за срцето. -Ребека Пенева 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 https://youtu.be/uE0P0GWk_Dc

Read more

Женски одмор – Струга 2017

Околу 50 жени и оваа година ја имаа можноста да ја уживаат убавината на Охридското езеро и заедно да поминат едно пријатно и благословено време надвор од секојдневните обврски, како и да се охрабрат и поткрепат во верата преку словото. На овој женски одмор кој се одржа од 24 до 28 октомври во хотел “Бисер” во Струга присуствуваа жени од Скопје, Струмица, Моноспитово, Муртино, Колешино, Радовиш и за првпат после подолго време две сестри од Вељуса. Овде беше и сестра Лилјана Баловски и нејзиниот син Мартин кој служеше со музика за време на славењето. Темата, која беше водена од една […]

Read more