Венчавка на Дејан и Ревека

На 24.06.2017 нашиот млад проповедник во образование Дејан Василев и неговата избраничка Ревека Митева кажаа ДА и пред Бог ги дадоа своите завети за нивната љубов и грижа се додека смртта не ги раздели. Венчавката се одржа во ЕМЦ Моноспитово под отворено небо. На овој посебен момент беа присутни повеќе од 100 гости и луѓе од заедницата и селото. После медениот месец тие својот живот и служба ќе ги продолжат во Скопје. Им посакуваме Божјо водство и исполнет заеднички живот. 1 2 3 4 5 6

Read more

Шпилмобил 2017

Оваа година Шпилмобил траеше од 10 до 17 јуни и гостуваше во заедниците во Моноспитово и Скопје. И оваа година искуството беше прекрасно. Да се биде таму, да се игра, да се пее и да се доживее едно радосно заедништво со сите деца, па и возрасни. Во Скопје, Шпилмобил два дена беше поставен и во градскиот парк каде многу луѓе ја имаа можноста за прв пат да се сретнат и запознаат со Евангелско-методистичка црква.  1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12

Read more

Еднодневна прошетка за деца.

Комисијата за работа со деца организираше еднодневна прошетка за сите деца во Скопје на 4 јуни 2017. Прошетката започна со посета на утринската богослужба во Скопје и потоа по забавниот дел со игри и ручекот децата имаа можност да ја посетат Зоолошката градина. Прошетката заврши со кратка пауза во Веро шопинг центар и тргнување кон дома во попладневните часови. На овој настан присуствуваа околу 30 деца.

Read more