Четврта светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог

Од 3 до 5 ноември, во Битола, се одржа „четврта светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог“ на тема: „Миграцијата и предизвикот на интеграцијата преку дијалог помеѓу религиите и културите“ организирана од Министерството за култура на Р.Македонија. Истата започна уште во 2003 по иницијатива на тогашниот претседател на Р.М. Борис Трајковски. На оваа конференција присуствуваа ерски водачи и политичари од земјата и странство. Обраќање имаа претседателот на Р.Македија, Ѓорге Иванов, министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, водачите на православната и католичката црква и претставник на еврејската заедница, како и нашиот суперинтендент Вилфрид Науснер. Други делегати од ЕМЦ кои присуствуваа, а некои […]

Read more

Евангелизација-ЕМЦ Моноспитово

Од 27 – 30 октомври 2016 година во Моноспитово се одржа Евангелизација водена од пастор Новица Бранков од Србија придружуван од Душан Тордај и Борис Фазекаш. Темите на кој зборуваше беа: -Од каде се страдањата во нашиот живот? – Преобразени преку неволјите! -Срце кое се одалечило од Бог- знаци. – Што е најважно? Програмата беше збогатена со песни благодарение на музичката група на ЕМЦ. Евангелизацијата беше едно прекрасно освежување за нашите души.

Read more

Состанок на координатори

Од 28 до 30 октомври во Падина, Србија, беше одржан состанок на координаторите на програмата- „Во мисија заедно“. Кординаторите од Полска, Чешка, Словачка, Унгарија, Романија, Србија, Бугарија и Македонија, заедно со одговорните лица од Европа и Америка се состанаа да ја разгледат работата во изминатава година, заедно да ги споделат успесите и тешките моменти во остварувањето на програмата, како и да ги договарат програмата и подготовките за Самитот кој ќе биде одржан следната година во Прага, Чешка.

Read more